Папата до посветените лица: Сведочите за Божјиот примат

Папата до посветените лица: Сведочите за Божјиот примат

Во својата проповед на светата Литургија на 9 октомври на плоштадот Свети Петар, по повод Јубилејот на посветениот живот, папата Лав XIV се задржа на трите глаголи што ги предлага Евангелието според Лука: „молете“, „барај“ и „чукај“. Тој повика да се имаат „великодушни поттици на љубов“, како што тоа се случило во животот на основачите и основачките — мажи и жени вљубени во Христос, подготвени да станат „сè за сите луѓе“.

Предводејќи ја прославата на Јубилејот на посветениот живот на плоштадот Свети Петар, папата Лав XIV истакна дека посветените мажи и жени, монаси, чесни сестри, членови на световни институти, пустиници и припадници на „нови институти“ се дојдени во Рим од многу земји заедно да го доживеат јубилејното ходочесници. Папата посочи дека зборовите на Исус од Евангелието – „молете“, „барајте“ и „чукајте“ – се блиски на луѓето од посветениот живот, бидејќи тие, преку живеењето на евангелските совети, се навикнати да бараат и да бидат послушни на Божјото делување.

Вториот Ватикански собор зборува за заветите како за „средство што помага плодовите на крштелната благодат да се соберат во поголема мера“. „Да се бара“ значи да се препознае во сиромаштијата дека сè е дар Господов и да се благодари за сè; „да се бара“ означува да се отвори срцето во послушност и секојдневно да се открива патот на светоста според Божјиот план; „да се чука“ е повик да се моли и да се принесуваат даровите примени од Бога на браќата и сестрите со чисто срце, со желба да се љуби секој со почит и великодушност.

Папата потсети дека овој јубилеј е можност за обновување на свеста за дарот на повикот – од самите почетоци на заедниците на кои припаѓаат, па сè до сегашноста.

„Сите сме овде затоа што Господ отсекогаш нè љубел и нè избрал“, рече Светиот Отец. „моли“, „барај“ и „чукај“ значи и да се осврнеме на сопственото постоење, да се сетиме и со срцето да го прифатиме она што Господ го направил низ годините: како ги умножил талентите, ја зголемил и прочистил верата и ја направил љубовта послободна и посеопфатна. Тоа понекогаш се случувало во радосни околности, а понекогаш по тежок и таинствен пат на страдање – секогаш, сепак, во прегратката на татковската добрина што го обележува Божјото делување во нас и преку нас, за доброто на Црквата.“

Во тој контекст, Свети Августин го опишува Божјото присуство во својот живот со возвишени слики: како светлина што го надминува просторот, како глас што времето не го потиснува, како вкус што алчноста не го расипува и како глад што ситоста не ја гаси, додаде Папата.

Затоа Црквата им ја доверува на посветените лица мисијата, преку нивното самоодрекување, да бидат живи сведоци на Божјиот примат во сопствениот живот и да им помагаат на браќата и сестрите што ги среќаваат да го негуваат Божјото пријателство. Историјата потврдува дека од автентичното искуство на Бога секогаш извираат великодушни поттици на љубовта – како што тоа било во животот на нивните основачи и основачки, мажи и жени вљубени во Господа, подготвени да станат „сè за сите луѓе“, на различни начини и во различни средини.

Папата предупреди и на уште една димензија на нивната мисија: есхатолошката димензија на христијанскиот живот, која повикува да се биде присутен во светот, но постојано насочен кон вечноста. Тоа е повик да се прошири „молењето“, „барањето“ и „чукањето“ во молитвата и животот кон вечниот хоризонт што ги надминува ограниченостите на светот, насочувајќи ги кон „неделата без зајдисонце“, кога целото човештво ќе влезе во Божјиот покој.

На крајот, Светиот Отец ги потсети посветените лица на зборовите на Свети Павле VI: „Зачувајте ја едноставноста на ‘најмалите’ од Евангелието. Научете да го пронаоѓате во внатрешен и поискрен однос со Христос или во непосредна блискост со вашите браќа. Не стремете се да припаѓате на ‘мудрите и вештите’ на кои овие тајни им се скриени. Бидете сиромашни, кротки, гладни за светост, милосрдни, чисти по срце – преку нив светот ќе го познае Божјиот мир“, заврши Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот