Папата до академската заедница: Формирајте лидери за општото добро

Папата до академската заедница: Формирајте лидери за општото добро

Папата Лав XIV, обраќајќи се до членовите на Католичкиот универзитет во Централна Африка, ја истакна важната улога на универзитетите во формирањето идни лидери и професионалци, повикани да му служат на општото добро. Тој нагласи дека католичките високообразовни установи треба да бидат заедници на живот, истражување и братство во знаењето, во кои вистината останува во срцето на образованието.

Папата предупреди дека едно општество не може да напредува само врз основа на природни богатства и материјални ресурси, туку пред сè преку исправна совест, обликувана во вистината. Затоа, според него, универзитетот има задача да формира луѓе способни за расудување, одговорност и служба. Тој ја охрабри африканската младина да не се плаши од новите предизвици, туку да стане носител на „нов хуманизам“ во време на дигитални и општествени промени.

Осврнувајќи се на вештачката интелигенција и современите општествени текови, Светиот Отец истакна дека покрај техничкото знаење е потребна и силна хуманистичка формација, која ќе помогне да се зачува човечкото достоинство и способноста за препознавање на вистината. На крајот, Папата ги повика студентите и професорите стекнатото знаење да го стават во служба на своите општества, потсетувајќи дека католичкиот универзитет е повикан да го развива целиот човек, вклучително и неговата духовна димензија

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот