Во склоп на својата пасторална посета на Чиле, папата Фрањо се сретна со затвореничките во женскиот затвор „Сан Жоакин“ и ги охрабри да се спротивстават на сè што би можело да го одземе нивниот идентитет и на крајот да им ја убие надежта.
Исто така како што известува Vatican News, ги поттикнува властите да промовираат проекти кои на затворениците им пружат можност за личен раст. Обраќајќи им се затворениците, од кои многумина беа со бебиња и мали деца, папата Фрањо им порача никогаш да не ја губат надежта или достоинството затоа што ја загубиле слободата.
На патот до подиумот кој беше украсен со хартиени гулаби со имињата на затвореничките, папата Фрањо ги поздрави затворениците и ги благослови и ги бакна децата. Цитирајќи ги зборовите од Евангелието: Кој од вас е без грев прв нека го фрли каменот, порача дека сите сме грешници, а промената секогаш е возможна.
Оставајќи го подготвениот говор, Папата на затвореничките им посведочи: „Никој не може да ви го одземе вашето достоинство,“ и повика затворските казни да не се сфатат само како казна, туку и како можност за развој, откако ќе ги издржат, да можат повторно да се вклучат во општеството.
Осврнувајќи се на поздравниот говор на затвореничката која бараше прошка од сите оние кои се повредени со нејзините дела, и истакна дека речиси 50 илјади мажи и жени во Чиле се лишени од слобода, папата Фрањо ѝ се заблагодари за храброста да бара прошка и за потсетувањето дека без тој став ја губиме својата хуманост. Забораваме дека секој ден правиме лошо и дека секој ден е повик за да почнеме одново, потсети Светиот Отец.
Својот говор Папата го фокусираше на три точки: мајчинството, децата и цвеќето. Зборувајќи за дарот на мајчинството истакна дека затворениците денес се соочуваат со многу реален предизвик: мора да се грижат и за животот на своите деца, повикани се да се грижат за иднината. Зборувајќи за децата, истакна дека тие се нашата сила, нашата иднина. Тие се жив потсетник дека животот треба да се живее за иднината, а не да се остане во минатото. Денес ви е одземена вашата слобода, но тоа не е конечно, рече Папата, повикувајќи ги затвореничките да гледаат во иднината, кон деновите кога ќе можат да се вратат во општеството. Осврнувајќи се на цвеќето која затвореничките му го подарија, Папата истакна како верува дека животот „цвета“ и ни ја покажува својата убавина кога се соработува, рака под рака, за работите да се направат подобри, за да се отворат нови можности. Во таа прилика се заблагодари на сите кои пастрално се грижат за затвореничките и на сите вработени во затворот. Цвеќето кое затвореничките му го подарија, истакна Светиот Отец ќе ѝ го подари на Пресвета Богородица.
Затворот „Сан Жоакин“ е најголемиот женски затвор во Чиле во кој се сместени околу 650 затворенички од кои мнозинството издржуваат казна заради поврзаност со трговија со дрога. Мнозинството затворенички се и мајки со мали деца, а во затворот е овозможено децата до втората година од животот да живеат со мајката, а потоа можат за викендот да доаѓаат во посета. На почетокот од посетата Папата го поздрави една затвореничка, а на средбата беа и капеланите и монахињите кои духовно се грижат за затвореничките.
РВ/к.мк