Божиќното дрвце на плоштадот „Свети Петар“ во Рим годинава ќе пристигне од италијанската провинција Тридент на северот на земјата.
Елката висока 29 метри ќе биде свечено осветлена на 7 декември кога ќе биде откриена и божиќната пештера.
Како што соопшти државната управа на Ватикан, овогодинешната божиќна елка ќе пристигне во Ватикан од градот Ледро во близина на езерото Гарда, во провинцијата Тридент. Изборот на дрвото во градот со 5.000 жители ја нагласува тесната поврзаност на областа Тридент со божиќните свечености во Ватикан.
Заедно со свеченото палење на светилките, на 7 декември, за ходочесниците и посетителите ќе биде откриена и божиќната пештера. Сцената на Христовото раѓање ја направија волонтери од островот Град во близина на Трст. Тие го симболизираат поднебјето на заливот Трст и животот на рибарите длабоко поврзани со традицијата на островот. Оваа посебна божиќна сцена ќе даде божиќната атмосфера на плоштадот Свети Петар, регионална и поморска димензија оваа година, со нагласување на уникатните културолошки елементи на Град.
Божиќното дрвце и божиќната пештера ќе останат на плоштадот Свети Петар до празникот Богојавление. Божиќни украси на плоштадот Свети Петар традиционално привлекува многу ходочесници и туристи од целиот свет и е централен елемент на божиќните прослави во срцето на Ватикан.
ИКА/к.мк