Во недела, 22 март 2026 година, со почеток во 11:30 часот, во Паљурци, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, во заедништво со свештеници ќе го предводи Крстниот пат, кој ќе биде анимиран од младите од парохијата „Свети пророк Илија“ од Радово.
Појдовната точка е кај Првата постојка, а Крстниот пат ќе се движи кон црквата „Богородица Утешителка“.
Ректорот на светилиштето во Паљурци, протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, и парохот во Богданци, протојереј ставрофор отец Тома Ангелов, ги повикуваат сите добронамерници да се приклучат и да го дадат својот придонес во силата на заедничката молитва.
Завршната молитва на Крстниот пат ќе биде во црквата „Богородица Утешителка“, каде ќе биде служена и неделната света Литургија.
к.мк

