(ВИДЕО) Молитвена накана на Папата за октомври 2024 година: Да молиме за синодалниот стил на живот и за посланието на Црквата

(ВИДЕО) Молитвена накана на Папата за октомври 2024 година: Да молиме за синодалниот стил на живот и за посланието на Црквата

Во молитвената накана за октомври 2024 година, објавена преку Папската светска молитвена мрежа, папата Фрањо поттикнува да молиме за да промовираме, како знак на соодговорност, учество и заедништво меѓу свештениците, посветените лица заедници и мирјаните. Отец Форнос: Овој месец Папата поттикнува да молиме за Синодата да биде вистински момент на средба, меѓусебно слушање и меѓусебно расудување, водени од Светиот Дух.

Сите ние христијаните сме одговорни за посланието на Црквата, затоа мора заедно да одиме по патот на синодалноста. Ова е охрабрувањето што го даде папата Фрањо во видео порака со молитвена намера за октомври објавена преку Папската светска молитвена мрежа – Папско дело, чија мисија е да ги охрабри католиците преку молитва и делување да се соочат со предизвиците на човештвото и посланиетоЦна црква. Папата повика: „Да молиме Црквата да продолжи да го поддржува синодалниот стил на живот на сите начини, како знак на соодговорност, промовирање на учество, заедништво и заедничко послание меѓу свештениците, посветените лица и мирјаните“.

Соодговорен во посланието

Папата објаснува дека сите христијани – мирјани, свештеници, посветените – се заеднички одговорни за посланието, бидејќи учествуваме и живееме во заедништвото на Црквата. Свештениците не се управители на мирјаните, туку нивни пастири – прецизира папата Фрањо, додавајќи дека Исус нё повикал и едните и другите, кои сме заедница и затоа се надополнуваме. Не е важно дали некој е возач на автобус, земјоделец или рибар, бидејќи посланието е исто за сите: да сведочат со своите животи, секој да придонесува со она што најдобро го знае. Мирјаните, крстените, се во својата куќа во Црквата и треба да се грижат за тоа – истакнува Папата и додава – Истото важи и за нас, свештениците, посветените лица.

„Ние сме соодговорни во посланието, учествуваме и живееме во заедништвото на Црквата.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот