За помалку од еден месец папата Фрањо ќе отпатува за Мозамбик, а после Мозамбик ќе ги посети и Мадагаскар и Маурициус. Ова апостолско патување ќе биде од 4 до 10 септември.
Мозамбик се бори за да се опорави од големите штети, кои се последица од силните тропски циклони, а на политички план по договорот кој го потпишаа претседателот Филипе Нуси и водачот на Националното движење на отпорот во Мозамбил Осуфо Момаде се наѕира нов период по повеќе децениската граѓанска војна.
Се надевам дека тој договор кој го потпишаа ќе дојде до места каде навистина има конфликт. Во покраината Капо Делгадо имаше сериозно насилство, луѓе кои ги загубија животите. Мозамбик е земја многу богата со природни извори и заради тоа секогаш трае одреден конфикт – рече во разговор за Радио Ватикан сестра Рита Занинели, која во таа земја живее десет години. Откако долго живеала на северот пред неколку месеци заради циклон се преселила во Беир.
Што се однесува до подготовките за посетата на Папата монахињата рече дека претставниците на Црквата сите се во движење, а на ниво на заедницата – објасни, се чувствува свесност за таа посета. Изразувајќи жалост затоа што Папата нема да оди во Беир монахињата рече дека се надева дека Светиот Отец ќе остави порака на надеж, мир и помирување за оние на кои навистина им се потребни.
На крајот сестра Рита ја истакна силата на жените во Мозамбик и напомена дека многу од нив немаат повеќе маж, татко на нивните деца. Но, пред последиците на разорните циклони настојуваат да ги пронајдат сите средства за да им дадат леб и достоинствен живот на своите деца. Целиот град воопшто покажува голема способност за реагирање. Ако влезете во сиромашен кварт кога врне, состојбата е тажна, драматична, но природата на луѓето во Мозамбик се изразува во својата особеност. Се издржува, се настојува да се обновува и повторно да се тргне – истакна сестра Рита.
Ватикан њуз/к.мк