Во сабота 7 февруари 2026 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во катедралата „Свети Лудвиг“ во Пловдив сослужуваше на светата Литургија на која бискупот Румен Станев е востоличен за ординариј на Софиско-пловдивската бискупија.
Покрај епископот Стојанов на востоличувањето присуствуваа белградскиот надбискуп, кардинал Ладислав Немет, надбискупот од Букурешт Аурел Перка, монсињорот Мишел Аун од Либан, Апостолскиот нунциј во Бугарија Лучијано Суријани, бискупот Георги Јовчев поранешнен бискуп на Софиско-пловдивската бискупија, бискупот Страхил Каваленов од Никополската бискупија, монсињор Петко Валов епископ на епархијата за Источните католици во Бугарија и монсињор Христо Пројков, епископ во мирување.
Меѓу присутните на свеченоста беа и претставници на Бугарската православна црква, Исламската верска заедница и Арменската црква.
Монсињор Румен Станев е роден на 19 август 1973 година во Калојаново, во близина на Пловдив, во католичко семејство. Теолошките студии ги завршува во Рим на Папскиот универзитет Урбанијана. Во 2020 година, папата Фрањо го именува за помошен епископ на Софиско-пловдивската епархија. Од 2020 година е избран за претседател на Каритас Бугарија. Хиритонија прими на 17 јануари 2021 година.
к.мк

