Духовна обнова за Сестрите Евхаристинки во Гевгелија

Духовна обнова за Сестрите Евхаристинки во Гевгелија

Во рамки на духовната обнова беше одбележана и годишнината од упокојувањето на сестра Маргарита Јорданова.

Во сабота, на 14 март 2026 година, во Гевгелија, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, ја предводеше духовната обнова за Сестрите Евхаристинки.

Средбата започна со заедничка молитва, по што епископот Стојанов одржа духовно предавање на тема „Врви по мене“, осврнувајќи се на повикот на апостолите покрај Галилејското Море. Во тој контекст посебно ја нагласи важноста на посветениот живот, повикувајќи ги Сестрите Евхаристинки да продолжат да сведочат за Христовата присутност во Евхаристијата. Потоа следуваше Обожавање на Пресветата Евхаристија, како и можност за света Исповед.

Во продолжение епископот служеше света Литургија, а во својата проповед се задржа на литургиското Евангелие од денот и на примерот на Левиј Алфеев, кој го следел Христовиот повик. Притоа ги охрабри присутните со доверба и верност секојдневно да го обновуваат својот посветен живот, живеејќи го конкретно Евангелието.

На светата Литургија, со епископот сослужуваа протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, протојереј ставрофор отец Тома Ангелов и отец Ристо Самарџиски.

По светата Литургија, присутните свештеници заедно со Сестрите Евхаристинки се упатија на гробиштата во Гевгелија, каде се помолија на гробот на покојната прва провинцијална сестра Маргарита Јорданова и останатите покојни сестри и покојните свештеници.

к.мк

 

 

 

 

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот