Дали посветата на Русија и целиот свет на Безгрешното срце помогна да се стави крај на абортусот во САД
Во Божјата Промисла нема случајности, а чудата доаѓаат кога најмалку ги очекуваме. Всушност, би рекол дека чудата по дефиниција се неочекувани затоа што тие се небесни моменти на Божјата моќ што e надвор од границите на природното и ни носи блажени натприродни моменти.
Кога минатата година беше најавено дека ќе се разгледува поништувањето на пресудата во корист на Ро, јас, како и многумина, не мислев дека тоа ќе се случи. Се разбира, судиите на Врховниот суд главно беа за живот на хартија, но правните одлуки честопати се комплицирани.
Освен тоа, кој знаеше како ќе се однесуваат судиите на Трамп под притисок?
Потоа се случи нешто чудесно, односно неочекувано, бидејќи папата Фрањо реши да ги посвети Русија и Украина на Безгрешното срце на Марија.
Тврдам дека она што се случи можеби е резултат на постапките на Папата во март, не тврдам дека се случи целосниот триумф на Безгрешното срце или дека дојде време на мир. Наместо тоа, јас само ги набљудувам настаните низ призмата на католичката вера, пророштвата и литургискиот календар.
На момент да размислиме како ова би можело да изгледа ако небото ни даде знак дека посветувањето на папата Фрањо му е угодно на Бога.
Можеме да замислиме различни сценарија, сигурен сум.
Според мое мислење, укинувањето на најзначајниот закон за абортус во најмоќната нација во светот може да биде знак од небото. Секако, можеби нема никаква врска со постапките на Папата во март, но во приказната има уште нешто друго.
Одлуката за укинување на пресудата во корист на Рое беше објавена на празникот Пресвето Срце, кога воедно е и традиционалниот празник Раѓањето на Свети Иван Крстител. (…) Во оваа провидоносна средба на Пресветото Срце и Иван Крстител, потребно е да се сфати значењето на средбата.
Да ја погледнеме првата средба меѓу Исус Христос и Иван Крстител.
Веднаш по Благовештението (25 март, денот на посветувањето од папата Фрањо), Марија ја посетила својата роднина Елисавета, а во Евангелието пишува дека по доаѓањето на Марија „детето заиграло во утробата на Елисавета“. Значи, Иван – кој бил околу шестиот месец од бременоста – заиграл поради доаѓањето на неговиот Спасител, кој бил во многу рана фаза од животот во утробата.
Би можеле да кажеме дека првата средба на Иван Крстител и Исус Христос е моментот кога чукањето на Пресветото Срце предизвикало Иван Крстител да заигра од радост.
Во оваа средба, лесно е да се види значење ‘за живот’, имајќи предвид дека светото дете и идниот светител би можеле да се поврзат на начин кој оди подалеку од обичната биологија. Има духовен елемент во средбата кој ни кажува дека Бог на нероденото му дал единствена човечка душа, односно достоинство на возрасен човек.
Исто така, многу е важно да потсетиме дека Богородица остана со Елизабета точно три месеци, до раѓањето на Иван Крстител, а потоа таа си заминала.
Сега, ако Небото сака да го објави своето присуство на светот, особено во вакво време, мислам дека одговорно би можеле да согледаме неколку поврзаности. Три месеци откако папата Фрањо ја посвети Русија на Безгрешното срце на Марија, доаѓа провидоносен ден кога се судираат Пресветотот Срце и срцето на Иван Крстител, а на тој ист ден се случува судско чудо во кое невините деца ги добиваат своите права.
Во овој месец за кој ни е кажано дека е посветен на гордоста, моќта на сатаната е победена од Предрагоцената Крв, која чука во Пресветото Срце на нашиот Господ, кој се воплоти во бескрајно важен чин на понизност.
Покрај тоа, често се заборава дека Иван Крстител бил обезглавен затоа што го бранел бракот. Тој е убиен откако ќе ги осуди перверзните и прељубнички активности на царот. Имено небесниот бранител на бракот интервенира во месецот кога бракот најмногу се оцрнува.
Современиот свет падна во најстрашниот зафат на неопаганскиот ритуализам, а уништувањето на семејствата и децата што произлегуваат од него делува како сакраменталии во ова изопачено општество.
Сепак, ѓаволот може да го има овој час, но Христос на крајот ќе го има денот. И, Тој нема да го има Својот ден без Неговата Мајка, исто како што не би ни го подарил Своето Пресвето Срце без претходно да се воплоти во утробата хранета со крвта што доаѓа од Безгрешното срце.
Битката за живот не е завршена, но силите што управуваат со нашите влади боледуваат од вознемиреност, бидејќи нивниот изопачен поглед на светот претрпе смртен удар.
Не знам дали она што го направи папата Фрањо ќе донесе триумф на Безгрешното срце, но знам дека Пресветото Срце ја победи Рое и верувам дека можеме да му се заблагодариме на Папата и за тоа.
Life site news/к.мк