Во сабота, 28 ноември 2026 година, во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје беше отслужена панахида во спомен на жртвите од Гладоморот. Панахидата ја служеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, во сослужение со протојереј-ставрофор отец Марјан Ристов.
На панахидата присуствуваа заменик-амбасадорот на Украина во Македонија Дмитро Керечанин, претставници на Амбасадата на Украина, членови на украинската заедница во Македонија и верници.
Во проповедта епископот Стојанов се осврна на трагедијата на Гладоморот и на христијанската обврска да се чува споменот на невините жртви. Тој нагласи дека сеќавањето треба да води кон вистина, будност на совеста и поголема чувствителност кон страдањето на другиот.
Осврнувајќи се на библиската слика за лебот, монс. Стојанов потсети на зборовите од Господовата молитва „Лебот наш насушен дај ни го денес“, истакнувајќи дека христијанинот е повикан да ја препознава потребата на својот ближен и да не останува рамнодушен пред гладот, сиромаштијата и неправдата.
Молитвата за жртвите од Гладоморот, воедно е и повик за почитување на човечкото достоинство и солидарност со сите кои страдаат.
к.мк

