Во периодот од 4 до 30 мај 2026 година, во Скопје ќе се одржат духовни вежби со проповеди, наменети за сите верници, без разлика на возраст.
Настанот ќе се реализира во катедралата „Пресвето Срце Исусово“, која се наоѓа на улица Петар Попарсов бр. 47, а духовните вежби ќе се одржуваат во работните денови за време на светата Литургија, која редовно се служи во 18:00 часот.
Според најавата, секој понеделник по светата Литургија ќе има можност за прашања и коментари, што ќе овозможи вклученост на верниците.
Организатори на Духовните вежби се патер Винко Маслаќ и патер Томислав Рукавина, кои ќе го водат програмскиот дел и ќе ги придружуваат верниците низ овој период.
к.мк

