Во Лисабон се отвора парк на папата Фрањо во сеќавање на Светскиот ден на младите

Во Лисабон се отвора парк на папата Фрањо во сеќавање на Светскиот ден на младите

Во Лурес, во близина на Лисабон, каде во 2023 година се одржа Светскиот ден на младите, планирано е да се отвори парк во чест на папата Фрањо

Португалските медиуми пренесуваат дека градските власти на Луре, град на северниот раб на Лисабон, закажале во февруари оваа година свечено отворање на паркот во чест на папата Фрањо.

Проектот треба да се реализира во соработка со португалската влада. Градоначалникот на Лурес, Ричардо Леао, изрази надеж дека паркот на папата Фрањо ќе ги привлече не само жителите на лисабонската метропола, туку и туристи од целиот свет.

Светскиот ден на младите 2023 година во Лисабон, според градските власти, значително придонел за популарноста на Португалија. Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас истакна дека местата поврзани со Светскиот ден на младите се многу популарни меѓу туристите.

Според португалската влада и економските сојузи, 2024 година била рекордна за португалскиот туризам. Повеќе од 30 милиони странски туристи ја посетиле земјава, а најголем број од нив беа привлечени од поширокото подрачје на Лисабон.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот