Бискупот Стојанов ќе служи Божиќна Литургија во Скопската катедрала

Бискупот Стојанов ќе служи Божиќна Литургија во Скопската катедрала

По повод празникот Рождество Христово, според грегоријанскиот календар, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во вторник, 24 декември 2024 година, со почеток во 21.00 часот ќе служи Божиќна света Литургија во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Со бискупот Стојанов ќе сослужуваат свештеници од Скопска бискупија и Струмичко-скопска епархија.

Радио Марија и Македонската радио-телевизија ќе вршат директен пренос од божиќната света Литургија.

к.мк

Категорија: Вести

За авторот