Во сабота 22 ноември 2025 година во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје, во организација на Украинската амбасада во Македонија епископот Стојанов служеше панахида за загинатите војници во војната во Украина, како и за жртвите од Гладоморот,
На панахидата присуствуваше украинската амбасадорка во Македонија Лариса Дир во придружба на вработени од амбасадата, претставници на украинската заедница во Македонија, како и верници од катедралната парохија.
Во своето обраќање Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор Стојанов зборуваше за надежта која не разочарува, земајќи го мотото од Јубилејната година, поврзувајќи ја со Христос воскреснатиот кој со своето воскресение ја победи смртта и нам ни дарува вечен живот.
Гладомор (Голодомор) е масовна глад во Украина во 1932-1933. Се смета за една од најтешките национални трагедии во украинската историја. Гладот е предизвикан вештачки од страна на советската влада, а жртвите се проценуваат на повеќе милиони.
к.мк

