Бискупот Стојанов присуствуваше на полагањето на палиумот на рамењата на монс. Томе Вукшиќ

Бискупот Стојанов присуствуваше на полагањето на палиумот на рамењата на монс. Томе Вукшиќ

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во вторник 5 јули 2022 година во Сараево присуствуваше на чинот полагање на палиумот на рамењата на монс. Томе Вукшиќ, митрополит Врхбосански надбискуп и апостолски администратор на Воениот ординариј во Босна и Херцеговина, од страна на кардинал Винко Пуљиќ, претставник на папата Фрањо.

Свечената света Литургија, ја започна кардинал Пуљиќ, заедно со надбискупот Вукшиќ, а покрај бискупот Стојанов сослужуваа и бискупот мостарско-дувањски и апостолски администратор требињско-мркањски монс. Петар Палиќ, помошникот бискуп од Бања Лука монс. Марко Семрен со уште околу 50 свештеници.

За време на светата Литургија на олтарот министрираа и го анимираа литургиското пеење богословите од Богословијата во Сараево под раководство на професорот отец Иван Рака.

Палиумот, знак на митрополитската власт, монс. Вукшиќ го доби од Светиот Отец Фрањо на празникот Свети Петар и Павле, 29 јуни 2022 година за време на светата Литургија во базиликата Свети Петар во Ватикан.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот