Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата до членовите на Каритас Интернационалис: Бидете ученици мисионери, следете го Христос!

Папата Фрањо во аудиенција ги прими учесниците на Генералното собрание на Каритас Интернационалис, што се одржува во Рим од 11 до 16 мај 2023 година. Римскиот бискуп ги повика да продолжат да ја сведочат Христовата љубов кон другите и им се заблагодари за нивното неуморно милосрдие и љубов што ја даваат со активностите во целиот свет. На аудиенцијата присуствуваше и директорот на Македонски Каритас протојереј ставрофор о. д-р Зоран И. Стојанов.

Ватикан Вести

Папата до рабинот Скорка: Вие сте пример дека верата и човековите права не се во конфликт

На 10 мај 2023 година, Богословскиот факултет на Универзитетот во Трнава, Словачка, му додели почесен докторат на аргентинскиот писател и биофизичар и ректор на Латиноамериканската рабинска семинарија во Буенос Аирес, долгогодишен пријател на папата Фрањо, кој испрати писмо, честитајќи му за академската титула и конкретно го спомена неговото ангажирање во меѓурелигискиот дијалог.

Ватикан Вести

Папата: Војните и неволјите доведуваат до слабеење на човечкото братство

Папата Фрањо пред Генералната аудиенција во среда ги прими учесниците на конференцијата за прехранбената и хуманитарната криза што се одржува во Ватикан и ја истакна итната потреба од ублажување на страдањата на оние кои страдаат од глад. Своите мисли ги насочи и кон Украина: „Премногу често ситуациите предизвикани од природни катастрофи, но и вооружени конфликти, политичка или економска корупција и експлоатација на Земјата, опасно го загрозуваат снабдувањето со храна на цели народи“.

Ватикан Вести

Патријархот Тавадрос II. заедно со папата Фрањо им се обрати на ходочасниците на Генералната аудиенција

Папата Тавадрос II, поглавар на Коптската православна црква, зборуваше на Генералната аудиенција во Ватикан заедно со папата Фрањо, педесет години по историскиот христолошки договор меѓу двете цркви, истакнувајќи дека „оваа посета нè приближува до денот кога ќе бидеме едно“.

Ватикан Вести

Педесест години од историскиот коптско-католички договор

Коптскиот православен патријарх ќе учествува на Генералната аудиенција на 10 мај. Следниот ден ќе има момент на заедничка молитва со папата Фрањо. Во недела, 14 мај, патријархот Тавадрос II. ќе служи света Литургија за верниците Копти во базиликата Свети Иван Латерански во Рим.

Ватикан Вести

Папата: На луѓето им треба Евангелието, дури и на стариот и уморен Запад

Пред сѐ навестувајте го Евангелието. Затоа што и денес, во свет каде предизвикот на интеркултурализмот и вклученоста е жив и итен, во Црквата и надвор од неа, има многу мажи и жени на кои им е потребно евангелието. И не само во таканаречените „мисионерски земји“, туку и на стариот и уморен Запад – истакна папата Фрањо на средбата со духовниците, членови на Конгрегацијата на Светиот Дух под заштита на Безгрешното Срце на блажена Дева Mарија, основана, поточно повторно воспоставена со

Ватикан Вести

Папата: Верата не е „пакет идеи“ туку пат што треба да се следи

Да не ја изгубиме од вид целта; да ја земеме сегашноста во рака, да не дозволиме да не вовлече во својот вител, туку да го следиме Исус кој е патот до среќата.

Ватикан Вести

Папата до Швајцарската гарда: Вашата служба е сведоштво за вашата вера

Папата Фрањо ги поздрави офицерите и членовите на Папската швајцарска гарда и ги охрабри регрутите да го искористат времето на служба во Ватикан за да ја продлабочат својата католичка вера.

Ватикан Вести

Папата: Христијани и муслимани, да развиеме свет на братство и достоинство

Папата Фрањо во четврток 4 мај 2023 година се сретна во Ватикан со учесниците на колоквиум помеѓу Дикастеријата за меѓурелигиски дијалог и Кралскиот институт за меѓурелигиски студии, со седиште во Јордан, за да ги истражи и зајакне елементите кои ги приближуваат христијанската и исламската вера, „посебно во времиња обележани со конфликти и насилство“.

Ватикан Вести

Папата: Излечете ги болните рани што ја навредуваат саканата Латинска Америка

Во четврток, на 4 мај 2023 година, папата Фрањо ги прими во аудиенција членовите на Организацијата на католичките универзитети на Латинска Америка и Карибите, кои ги охрабри да бидат „католици“, во смисла на „универзални“, внимателни на радостите и болките на луѓе. Потребни ни се умови, срца, раце, кои се на ниво на панорама на реалноста, а не на теснотија на идеологијата. Жално е да се видат интелектуалци со осакатена интелигенција