Tag "Папа Фрањо"
Папата: Потребна е „добра политика“, бидејќи војната е неуспех на политиката
Примајќи ги во аудиенција младите кои се вклучени во процесот на општествена-политичка формација, како дел од проектот Поликоро на Италијанската бискупска конференција, Папата истакна дека политиката денес не ужива добар углед, пред се затоа што е неефикасна и далеку од животот на луѓето. Покрај тоа, тој истакна дека добар политичар треба да ги вклучи луѓето, да го поттикнува претприемништвото и да ги натера луѓето да ја почувствуваат убавината на припадноста кон заедницата.
Близината на Папата со еквадорското население и молитва за Украина
На крајот од пладневното обраќање на 19 март 2023 година, по молитвата Ангел Господов, папата Фрањо ја изрази својата близина и ги вети своите молитви за населението на Еквадор погодено од земјотресот во кој загинаа најмалку 14 лица, а повеќе од 120 се повредени. Тој уште еднаш поттикна на молитва за украинскиот народ кој продолжува да страда поради насилството во таа земја кое не престанува.
Папата: Отворете ги очите и восхитувајте се на Божјите дарови
Во размислувањето пред молитвата Ангел Господов во недела 19 март 2023 година, папата Фрањо зборуваше за настанот опишан во неделното Евангелие во кој главниот лик е човек слеп од раѓање на кого Исус му дава вид. Меѓутоа, чудесното исцелување предизвикува спротивставени реакции кај луѓето. Се појавуваат затворени срца, бидејќи не сакаат да се променат, стравот ги кочи, рече Папата, охрабрувајќи ги верниците во различните животни околности да гледаат можност за правење добро.
Папата: Приемот на бегалците го покажува патот за во иднината
Обраќајќи им се на групата бегалци кои пристигнаа во Европа преку проектот „Хуманитарни коридори“, папата Фрањо рече дека иницијативата го пази достоинството на бегалците, ги урива ѕидовите на рамнодушноста и дава надеж на визијата за иднината во Европа.
Исповедта не е човечки суд, туку божествена утешна прегратка
На покорничкото славење во римската црква Santa Maria delle Grazie al Trionfale, во петок попладне на 17 март 2023 година се одржа молитвената иницијатива „24 часа за Господ“ предводена од папата Фрањо, при што потсети дека средбата со Бога преку исповедниците е „славење кое го лекува срцето и остава мир внатре“ и предложи испит на совеста за гревови „против животот, лошото сведочење и против созданието“
Брат Алојз: Екуменизмот во време на војна бара трпение
Во Рим заврши средбата на организаторите на екуменското бдение „Заедно“ што ќе се одржи на 30 септември 2023 година на плоштадот Свети Петар во пресрет на отворањето на XVI Редовното собрание на Епископската синода. Во интервју за Радио Ватикан – Vatican News, игуменот на екуменската заедница Тезе, брат Алојз, го споделува охрабрувањето што го добил од Светиот Отец и неговите размислувања за екуменскиот дијалог во Украина.
Папата до будистичките монаси од Тајван: Нека напредува културата на средба
Папата Фрањо во Ватикан прими делегација од стотина членови на Обединетото здружение на хуманистичкиот будизам, заедно со делегат на Католичката црква во Тајван, по повод нивното меѓурелигиско едукативно ходочастие во светите места на Католичката Црквата.
Папата го прими либанскиот премиер: Да се гарантира мир и стабилност во целиот регион
Папата Фрањо се сретна со Наџиб Микати, кој исто така беше примен и од кардинал Пиетро Паролин и надбискупот Пол Ричард Галагер; изразена е загриженоста на Светиот Престол поради општествено-економската криза и институционалниот статус кво, а беше истакната и важноста од присуството на христијаните во таа земја и целиот Блиски Исток
Папата: Ги молам завојуваните страни да ги почитуваат верските места
На крајот од Генералната аудиенција на 15 март 2023 година, папата Фрањо го спомна маченичкиот украински народ и потсети на важноста на посветените лица присутни во таа земја: Тие се поддршка на Божјиот народ. Освен тоа, Светиот Отец ја изрази својата близина со Малави, кој беше погоден од циклонот Фреди, во кој загинаа околу 130 луѓе. Благодарејќи им на аргентинските лидери за честитиките по повод десетгодишниот понтификат, тој ги охрабри да останат обединети.
Папата испрати писмо до членовите на Папските академии
Папата Фрањо испрати порака до членовите на 26. јавна седница на Папските академии и ги охрабри архитектите да проектираат сакрални простори вдахновени од црковната литургија