Навестувачите на Евангелието не се кариеристи и претпиемачи

Навестувачите на Евангелието не се кариеристи и претпиемачи

Навестување, служење и послушност.Евангелизацијата има три основни димензии: навестување, служење и бесплатност – истакна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија во домот Света Марта, на 11 јуни 2018 година. Светиот Дух е главниот носител на навестувањето, Тој не е некој едноставен проповедник или пренесувач на неколку идеи, туку динамичен придвижувач кој е способен да ги менува срцата благодарение на делата кои ги презема.

Сме имале можности да видиме пасторални планови кои се добро направени, совршени, но не биле средство за евангелизација, затоа што биле цел самите за себе и не се способни да ги менуваат срцата – рече Папата и објасни: Тоа што Исус нѐ испраќа да го правиме, не е однесување во претприемачки дух, туку во Светиот Дух. Тоа е храброст. Вистинската храброст за евангелизација не е човечка тврдоглавост. Светиот Дух е тој кој ни дава храброст и нѐ води напред.

Втората димензија за евангелизацијата е службата која се извршува во малите работи – нагласи Светиот Отец и предупреди: Погрешно е да се мисли дека откако сме оствариле кариера во Црквата или во општеството, треба да ни се служи. Да се искачуваме во Црквата е знак дека не знаеме што е евангелизација. Тој што заповеда мора да биде како оној кој служи.

Можеме да навестуваме убави работи, но без служење тоа не е навестување; така само изгледа, но не е тоа – нагласи папата Фрањо и објасни: Бидејќи Светиот Дух не само што нѐ води напред за да ја навестуваме Господовата вистина и животот, туку ве води до браќата и сестрите за да им служите. Лошо е да се видат евангелизатори кои дозволуваат да им се служи и кои живеат за да бидат служени. Тоа е лошо, изгледаат како принцови на евангелизацијата.

Третата димензија е бесплатноста затоа што никој не може да се откупи самиот себе благодарение на сопствените заслуги – рече Папата и потсети: Бесплатно сте примиле, бесплатно давајте. Сите нас бесплатно нѐ спаси Исус Христос и затоа мораме да даваме бесплатно. Пасторалните работници на полето на евангелизацијата мора тоа да го научат, нивниот живот мора да биде бесплатен во служба на навестувањето, носени од Светиот Дух. Нивното лично сиромаштво ги поттикнува да се отворат за Духот –заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот