Папата Фрањо го прими во аудиенција претседателот на Албанија

Папата Фрањо го прими во аудиенција претседателот на Албанија

На средбата станало збор за ситуацијата во Југоисточна Европа

Папата Фрањо на 17 септември 2018 година во Апостолската палата во Ватикан го прими во приватна аудиенција претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој потоа се сретна и со државниот секретар, кардинал Пиетро Паролин, кој беше придружуван од монсињор Антонио Камелери, потсекретар за односи со државите – соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

За време на срдечниот разговор истакнати се позитивните односи помеѓу Светиот Престол и Албанија како и придонесот на локалната Католичка црква за доброто на албанското општество, посебно на младите. Во тој контекст разгледани се теми од заеднички интерес, меѓу кои важноста за промовирање на верската слобода и мирниот соживот, и понатамошно ангажирање за меѓуверски и меѓукултурен дијалог.

На средбата е разговарано и за процесот на вклучување на Албанија во Европската унија и се разгледани некои меѓународни прашања, посебно ситуацијата во Југоисточна Европа – стои во соопштението од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот