Првата енциклика на Лав XIV веројатно ќе пристигне по Велигден, познат е работниот наслов

Првата енциклика на Лав XIV веројатно ќе пристигне по Велигден, познат е работниот наслов

Главната тема треба да бидат негативните последици од вештачката интелигенција Првата енциклика на папата Лав XIV, очигледно, се наоѓа во завршна фаза.

Како што во сабота, 14 март, објави весникот „La Repubblica“, се очекува енцикликата да биде објавена по Велигден. Работниот наслов е „Magnifica humanitas“ („Големо човештво“), а главната тема е сеопфатно предупредување за можните негативни последици од вештачката интелигенција. Особено ќе се фокусира на последиците на пазарот на трудот и за меѓучовечките односи.

Уште во октомври минатата година, порталот „Silere non possum“ шпекулираше за насловот и темата на првата енциклика на Лав XIV и изнесе слични претпоставки. Сепак, ватиканските набљудувачи очекуваа порано објавување. Енцикликите се обврзувачки папски учителски документи за целата Католичка црква, но исто така се широко почитувани и надвор од неа.

Битно нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот