Tag "Папа Фрањо"
Папата Фрањо во молитвената накана за септември: Со срцето да го слушнеме плачот на Земјата
Во видео порака со молитвена накана за септември 2024 година, за периодот кој се поклопува со „времето на созданието“, Папата ги охрабрува сите да преземат лична одговорност за зачувување на планетата. За решавање на еколошките кризи предизвикани од човекот „потребен е не само еколошки, туку и социјален, економски и политички одговор“ Ватикан њуз/к.мк
Папата Фрањо полета за Индонезија: започна неговото 45-то апостолско патување
Првиот ден од престојот во Џакарта ќе биде посветен на одмор по летот, а во среда наутро ќе започне напорната програма.
На крајот на светот меѓу младите народи и живите Цркви; Папата Фрањо во Азија и Океанија
На 30 август, директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, пред медиумите го претстави апостолското патување на Папата, од 2 до 13 септември, во Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур, најдолго во понтификатот. „Нема дополнителни грижи за здравјето на Папата“. Шеснаесет говори на италијански и шпански на различни теми како што се мирот и создавањето. Папата ќе потпише заедничка декларација со големиот имам на Џакарта, со кого ќе го посети „Тунелот на пријателството“
Ангел Господов: Доследните христијани својата молитва ја прават конкретна во љубовта кон другите
Коментирајќи го делот од Евангелието од неделната литургија пред молитвата Ангел Господов, во недела на 1 септември 2024 година, папата Фрањо поттикна да не го сведуваме нашиот однос со Бог на надворешни гестови, а внатрешно да ги презираме сиромашните или се однесуваме нечесно на работа. Нема смисла „малку да се волонтира“, а потоа да се озборува „без милост сите и сѐ“
Апостолското патување во Азија папата Фрањо го довери на Пресвета Богородица Спас на римскиот народ
Во недела, 1 септември 2024 година, во базиликата Света Марија Велика, Папата се помоли пред иконата Пресвета Богородица – Спас на римскиот народ (Salus populi romani), доверувајќи ѝ го апостолското патување во Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур, кое ќе започне утре попладне и ќе заврши на 13 септември
Папата: Повикани сме да живееме како христијани во денешното плурално општество
„Не живееме во христијанско општество, но повикани сме да живееме како христијани во денешното плурално општество. Како христијани и отворени. Ова го истакна папата Фрањо во својот говор пред учесниците на пленарното собрание на Дикастеријата за евангелизација, кое беше фокусирано на идните перспективи на Папскиот универзитет Урбанијана во Рим. За таа институција идентитетот и посланието се нераскинлива реалност, но од суштинско значење е да се знае како да се толкува времето во кое живееме. Обраќајќи им се на учесниците на
Папата: Вештачката интелигенција и науката поттикнуваат „антрополошка револуција“
Во пораката до учесниците на XVII. на меѓухристијанскиот симпозиум што започна на 28 август 2024 година, во Трани – Апулија, Италија, Папата истакнува дека науката и технологијата суштински го менуваат начинот на кој човечките суштества го сфаќаат постоењето; Христијаните мора секогаш да ја штитат својата природа како деца Божји
Генерална аудиенција: Отфрлањето на мигрантите е тежок грев
На генералната аудиенција, папата Фрањо ја осуди рамнодушноста кон мигрантите кои умираат поминувајќи низ пустини и мориња во потрага по подобар живот. Повика на глобално управување со миграцијата засновано на правда, братство и солидарност.
Ангел Господов: Забавете, застанете, молете за да бидете сочувствителни
Папата Фрањо во пладневниот говор пред молитвата Ангел Господов, во недела 21 јули 2024 година, ги предупреди верниците, општеството и самата Црква на опасноста да станат жртви на активизам, премногу загрижени за работите што треба да се направат и за резултатите, губејќи го од вид она што е суштинско. Научете се да се одморате, рече Папата, а тоа води до сочувствителен поглед кон сиромашните и изгубените. Говорот на Папата го пренесуваме во целост
Папата Фрањо со децата во Летниот центар во Ватикан: Воспоставете мир
Папата Фрањо секоја година ги посетува децата, аниматорите и вработените во летниот центар во Ватикан „Estate Ragazzi“. Овој пат во нов амбиент на спортските објекти на Центарот „Свети Јосиф“, отворен во јуни. Поздрав, молитви и краток разговор со неколку деца и млади за семејството, мирот, јубилејот: „Ви благодариме за духот на радоста.“