Најава: Свечена архиерејска Литургија во Сарај по повод празникот на Светиот Великомаченик Димитриј
По повод празникот на Свети Великомаченик Димитриј, патронен празник на парохијата, во недела на 8 ноември 2026 година со почеток во 10.00 часот во с. Сарај, свечена Архиерејска Литургија ќе служи Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во сослужение со парохот отец Ванчо Назов и свештеници од Струмичко – скопската епархија и Скопската бискупија.
За сите оние што не се во можност да присуствуваат на светата Литургија Радио Марија ќе врши директен пренос.
к.мк

