Папата: Само Божјата милост може да ги исполни срцата со вистинска солидарност

Папата: Само Божјата милост може да ги исполни срцата со вистинска солидарност

Во писмо до епископот на Лоди, Италија, потпишано од државниот секретар кардиналот Пјетро Паролин по повод 27. Ден на свети Колумбан, папата Лав XIV нагласува дека само Божјата милост може да ги исполни срцата со вистинска солидарност и да им овозможи на непријателите да си подадат рака. Папата се потсети и на својата неодамнешна пасторална посета на областа Лоди и на почитта кон света Франциска Ксаверија Кабрини.

Соочени со гласините на меѓусебни обвинувања, кои само ги засилуваат уништувањето и смртта предизвикани од конфликтите, потребна е понизна и тивка молитва за милост. Потребно е да се бара обновено срце, способно да му подаде рака и на непријателот.

На ваков став повикува папата Лав XIV во писмото потпишано државниот секретар кардиналот Пјетро Паролин, упатено до епископот на Лоди, монсињор Маурицио Малвестити, по повод 27. Ден на свети Колумбан, што се одржува во ломбардискиот град.

Повторно откривање на вредностите на христијанската традиција

Папата изрази благодарност за истрајноста во одржувањето на оваа иницијатива, која со години ги обединува црковните и граѓанските заедници низ Европа поврзани со свети Колумбан. Таа го промовира познавањето на игуменот, неговото духовно наследство и неговата трајна важност за европската култура.

Во писмото се истакнува дека деновите посветени на свети Колумбан помагаат да се зближат луѓе од различни јазици и народи. Тие, како да учат од него дека Божјите дарови не треба да се чуваат за себе, туку да се споделуваат со сите, ги повикуваат луѓето заедно повторно да ги откријат вредностите на христијанската традиција, за да одговорат на предизвиците на нашето време.

Покајнички став пред лицето на војната

Свети Колумбан е и учител на ставот што папата Лав XIV го опишува како неопходен за секој вистински пат на помирување. Тоа е покајничкиот дух.

„Кога конфликтот ќе прерасне во војна, со трагичен број жртви и уништување, наместо да се обвинуваме едни со други, треба да бараме милост од Бога, милосрдниот Судија. Само Божјата милост може да всади човечко сочувство во нашите срца и да им овозможи на непријателите да си подадат рака.“

Писмото завршува со потсетување на неодамнешната пасторална посета на Папата во областа Лоди, каде што тој ѝ оддаде почит на света Франциска Ксаверија Кабрини.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот