Дваесет и втори ден: Душа горливо посветена на Пресветото Срце
Ревноста е за љубовта она што е пламенот за огнот. Само срцето што горливо љуби може да биде зафатено од овој прекрасен и жарок пламен.
Затоа, ако Го љубиш Божественото Срце, ќе гориш од желба да Го навестуваш и да ги поттикнуваш другите да Го љубат, зашто љубовта, како и огнот, не може да остане пасивна.
Ревноста, која е како пламен, секогаш треба да се разгорува. Вежбај ја таа ревност, пред сè кај себе, така што во текот на овој ден ќе бидеш најверен во сите настани, во сите страдања, и сето тоа за голема слава на Пресветото Срце Исусово и исклучиво според намерата на Неговото Срце.
Шири ја побожноста кон тоа Божествено Срце во својата околина, зборувај често за Него и поттикнувај ги своите соработници да Му бидат поверни.
На крај, никогаш не поминувај покрај иконата на Пресветото Срце Исусово без во својата внатрешност да Го поздравиш, барајќи од Него да им ја открие на душите бескрајната добрина на Своето прекрасно Срце и безмерната љубов што ја има кон луѓето.
Исусе, подари ми апостолска ревност, за да можам насекаде да Го навестувам Твоето Срце полно со љубов!
Кармел-бси/к.мк

