Најава: Свечена архиерејска Литургија во Чанаклија по повод празникот на Свети Великомаченик Ѓорги
По повод празникот на Свети Великомаченик Ѓорги, патронен празник на филијалата, во среда на 6 мај 2026 година со почеток во 10.00 часот во с. Чанаклија, свечена Архиерејска Литургија ќе служи Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во сослужение со парохот отец Ванчо Назов и свештеници од Струмичко – скопската епархија и Скопската бискупија.
Од Светата литургија Радио Марија Македонија ќе врши директен пренос.
к.мк

