„И само едно од тие деца“ е темата на овогодинешниот Светски ден на мигрантите и бегалците

„И само едно од тие деца“ е темата на овогодинешниот Светски ден на мигрантите и бегалците

Во соопштението на Дикастеријата за промовирање на интегралниот човечки развој се објаснува дека насловот на 112. Светски ден на мигрантите и бегалците е избран од Папата за да ја изрази загриженоста на Црквата за малолетниците што се директно погодени од искуството на миграција, потсетувајќи на должноста секое од нив да биде примено онака како што нè учи Евангелието.

Папата Лав XIV својата порака за 112. Светски ден на мигрантите и бегалците ја наслови „И само едно од тие деца“, повикувајќи се на Евангелието според Матеј: „И кој ќе прими едно такво дете во мое име, мене ме прима“. Ова се нагласува во соопштението на Дикастеријата за промовирање на интегралниот човечки развој, објавено на 9 април, во кое се истакнува дека со овој избор Папата сака да ја изрази загриженоста на Црквата за малолетниците што се непосредно вклучени во искуството на миграцијата и да потсети на должноста секое од нив да биде прифатено според евангелското учење.

Предизвици што ги загрозуваат правата на најмалите

Во соопштението се нагласува дека ова не е првпат папите да се осврнат на ова прашање во своето учителство, но дека сегашната миграциска состојба носи нови предизвици што сериозно ги загрозуваат правата и достоинството на најмалите и бараат итни и делотворни одговори.

Станува збор за тема што ќе биде одбележана на 27 септември, а во соопштението се подвлекува дека прашањето не смее да се сведува на бројки и проценти, бидејќи „дури и само едно“ има непроценлива вредност.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот