Во Битола се одржа Божиќен концерт со богата музичка програма

Во Битола се одржа Божиќен концерт со богата музичка програма

Во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Битола, на 26 декември 2025 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стоајнов, служеше света Литургија, во сослужение на парохот дон Томаш Бак и протојереј ставрофор отец Марјан Ристов. Потоа бискупот присуствуваше и на традиционалниот Божиќен концерт каде се обрати на присутните.

Концертот е во организација ма Заедницата на Хрвати, огранок Битола, во соработка со Католичката црква и КУД „Стив Наумов“ од Битола, со настап на мешаниот хор. Координаторите на настанот беа парохот Томаш Бак и м-р Јелена Петровска, кои повеќе години наназад соработуваат при организирацијата на концертот.

Под диригентската палка на Лилјана Трајковска Димески, хорот изведе повеќе напеви од западен и источент обред, како и популарната Carol of the bells на англиски јазик. Концертот го збогатија и учениците од Државно музичко училиште од Битола, Алексеј Ивановски со соло точка под менторство на профњсор Маја Митровска и Јован Тошевски на хармоника во класа на Владимир Андреевски.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот