Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, во понеделник 24 ноември 2025 година упати одвоени честитки до новоименуваниот бискуп и воен ординариј во Босна и Херцеговина монсињор Миро Релота и новоименуваните помошни бискупи на Загрепската надбискупија Марко Ковач и Владо Разум. Епископот Стојанов им го честита именувањето во негов име и во име на Католичката црква во Македонија, свештениците, монаштвото и целиот Божји народ, посакувајќи им благослов во доверената пастирска служба.
Во честитката до новоименуваниот воен ординариј на Босна и Херцеговина, монсињор Релота, епископот Стојанов ја истакнува оваа посебна и одговорна служба за мирот, при што го спомнува свети Фрањо од Асиси, кој се посвети на мирот и помирувањето меѓу луѓето, така новата пастирска грижа на монсињор Релота е продолжување на оваа мисија во современиот контекст.
Во честитката упатена до монсињор Ковач епископот Стојанов истакнува дека со благодарност на Божјата промисла ја прими веста со која Светиот Отец Лав XIV го именува за помошен бискуп на Загрепската надбискупија, што воедно е и знак на доверба од Црквата, која во него препозна верен сведок на Евангелието и ревносен служител на Божјиот народ.
Честитајќи му на новоименуваниот бискуп Разум монсињор Стојанов истакнува дека овој избор претставува признание за неговата досегашна верност во служењето на Црквата, но и поголема одговорност во пастирското сведочењето на Христовата љубов.
Епископот Стојанов новоименуваните епископи ги препорачува во молитвите до Пресвета Богородица, света Мајка Тереза, свети Фрањо и блажениот Алојзие Степинац, посакувајќи им изобилен благослов во нивната пастирска служба.
к.мк

