Папата се сретна со Лаура Паузини, која му подари песна вдахновена од Свети Фрањо

Папата се сретна со Лаура Паузини, која му подари песна вдахновена од Свети Фрањо

Познатата италијанска пејачка, која е популарна и во странство, беше примена утрово, во среда 12 ноември 2025 година, од Лав XIV во Ватикан. „Јас сум нејзин фан уште од Санремо. Мојот секретар е најголемиот фан во Латинска Америка“, рече Папата. Пејачката му подари изведба на нејзината песна од „Песната на созданијата“, а му подари и плакета од „Billboard Women in Music“, иницијатива што ги промовира гласовите и присуството на жените во музичката индустрија.

Папата Лав се сретна со Лаура Паузини и кажа дека е нејзин „фан“ уште од нејзиниот прв фестивал Санремо, во 1993 година, каде што таа ја освои категоријата „Нови изведувачи“. Сепак, „најголемиот фан, ако не во светот, барем во Латинска Америка“ е неговиот личен секретар, отец Едгард Римајкуна Инга. Самиот Лав XIV ѝ го откри ова на познатата пејачка, ѕвезда во Италија и на хиспанската музичка сцена, на почетокот од нивната приватна средба утрово пред Генералната аудиенција, во просторија во салата Павле VI.

„Се чувствувам супер благословена“, извика емотивната Паузини, ставајќи ја раката на устата. „Сето ова ме прави малку нервозна…“ Насмевки, шеги и неколку фрази на шпански јазик, кои ги научила на бројни светски турнеи и сега течно ги зборува, разменија Папата и 51-годишната пејаќка, која се присети и на својот настап во Перу, „la primera vez“, кога имала 25 години.

Како подарок, дел од „Песната на созданијата“

Лаура Паузини му подари на Папата уникатна, необјавена песна, изведба на нејзината „Брате Сонце, Сестра Месечина“, земена од Песната на созданијата од Свети Фрањо од Асизи. Ова е порака за мир и љубов кон созданието, објасни пејачката, исто така во светлината на одлуката 4 октомври да биде „национален празник“, денот кога Црквата го одбележува споменот на Сиромашниот од Асизи, светец-заштитник на Италија. „Се надевам дека ви се допаѓа!“ Лав истакна дека следната година, почнувајќи од јануари, ќе има цела јубилејна година посветена на Свети Фрањо, по повод 800-годишнината од неговата смрт, во текот на која ќе бидат изложени и неговите мошти. „Затоа ја избрав намерно“, рече Паузини. „Вистински промислено“, одговори Лав.

Награда за жени

Лаура Паузини беше придружувана од делегација на италијанското музичкото списание „Билборд Италија“ , предводена од музичкиот менаџер Томасо Перна, кој, заедно со ко-уредничката Силвија Даниели, му врачи на Папата симболична плакета од „Билборд жени во музиката“. Ова е настан што го организира „Билборд“ секоја година „за гласовите на жените кои се познати во музичкиот свет, и пејачките и оние кои работат во индустријата. Ова е важно“, објасни Даниели. Лаура Паузини ја доби наградата „Глобална икона“ затоа што „успеа нејзиниот женски глас да се слушне надалеку“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот