„Тајм“ го смета папата Лав за мислител за вештачка интелигенција

„Тајм“ го смета папата Лав за мислител за вештачка интелигенција

Списанието „Тајм“ го вклучи папата Лав XIV на својата листа „Тајм 100 вештачка интелигенција“ за 2025 година. Со тоа, американското списание го препознава новиот Папа како значаен глас во дебатата за вештачката интелигенција (ВИ).

Листата беше објавена во петок. Списанието „Тајм“ објаснува дека Лав намерно го избрал своето папско име за да „се осврне на револуцијата на вештачката интелигенција“. Листата е поделена во неколку категории; Папата е вклучен во категоријата „Мислители“.

„Неговиот избор на името е почит кон Лав XIII, кој служел за време на Индустриската револуција кон крајот на XIX век и се спротивставил на новите економски системи управувани од машини кои ги претвориле работниците во роба“, продолжува „Тајм“. Доколку Лав продолжи да ги сензибилизира 1,4 милијарди католици во светот за „отуѓувачкиот потенцијал“ на вештачката интелигенција, тврди магазинот, ќе се појави „важна и неочекувана духовна противтежа на Силиконската долина“.

„Важна и неочекувана духовна противтежа на Силиконската долина“

Листата е „годишен преглед на највлијателните луѓе во вештачката интелигенција“, според „Тајм“. Првпат беше објавена во 2023 година, по објавувањето на ChatGPT. Целта на листата е „да се покаже дека насоката на вештачката интелигенција ја водат луѓето – иноватори, застапници, уметници и сите вклучени во иднината на оваа технологија“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот