Епископот Стојанов: Јубилеите не враќаат во минатото, не задржуваат во сегашноста, но исто така се и поглед во иднината

На промоцијата на монографијата „100 години парохија Успение на Пресвета Богородица во Струмица“, која се одржа во недела 18 мај 2025 година во струмичката катедрала присуствуваше и Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски бискуп монсињор д-р Киро Стојанов кој на крајот се обрати на присутните.
Во таа прилика ги поздрави промоторите, присутните гости, верниците и донаторите, истакнувајќи дека му причинува посебна радост и чест што во оваа наша катедрала за две години се одржуваат две промоции за 100 годишни јубилеи. Минатата година во октомври, се прослави 100 години од основањето на Деканатот Свети Кирил и Методиј, кој што претходи на оваа наша парохија, која оваа година прославува 100 години од основањето. Епископот Стојанов во продолжение рече: Сигурно јубилеите не враќаат во минатото, како што слушнавме не задржуваат во сегашноста, но исто така се и поглед во иднината.
Потоа епископот Стојанов накратко зборуваше за историскиот развој на Католичката црква од источен византиски обред во Македонија, спомнувајќи личности и настани важни за нејзиниот развој, но и за парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица.
Кон крајот се заблагодари на сите кои дадоа свој придонес за излегување од печат на монографијата и го упати својот апостолски благослов.
За време на промоцијата пееше катедралниот хор.
к.мк