Бидејќи неговата клиничка состојба остана стабилна без нови респираторни напади, папата Фрањо се јави во католичката парохија во Газа и изврши неколку работни активности, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол во среда вечер, 5 март 2025 година
Канцеларијата за печат на Светиот Престол го објави следново соопштение во среда навечер соопштувајќи ги најновите информации поврзани со здравствената состојба на папата Фрањо.
„Светиот Отец и денеска остана стабилен, без никакви напади на респираторна инсуфициенција.
„Како што беше планирано, тој користеше дополнителна, високопроточна оксигенација, а неинвазивната механичка вентилација ќе биде обновена вечерва.
„Светиот Отец ја зголеми респираторната и активната моторна физиотерапија. Денот го помина во својата фотелја.
„Со оглед на сложеноста на клиничката ситуација, прогнозата останува неизвесна.
„Утринава во апартманот на 10-ти кат Светиот Отец учествуваше во обредот пепелење, а потоа прими света Причест.
„Потоа имаше со повеќе работни активности, во текот на утрото го повика и отец Габриел Романели, парохискиот свештеник на црквата „Свето семејство“ во Газа.
„Попладне наизменично се изменуваше помеѓу одмор и работа.
Папата Фрањо се лекува од билатерална пневмонија во болницата Гемели во Рим откако беше хоспитализиран на 14 февруари.
Ватикан њуз/к.мк