По молитвата Ангел Господов во недела 22 декември 2024 година, папата Фрањо повика на прекин на огнот за Божиќ на сите воени фронтови и повторно ја испрати својата порака за мир, надеж и помирување до земјите како Мозамбик, напатената Украина, Светата Земја. Посебно ги поздрави децата од диспанзерот Света Марта и ги упати своите мисли до оние кои чекаат рехабилитација
Голема и постојана е грижата на Папата за сите оние кои ги поминуваат низ страдањата предизвикани од војната и насилството. Само три дена пред раѓањето на Исус, во кого луѓето ја полагаат својата надеж, Папата, поздравувајќи ги верниците веднаш по молитвата Ангел Господов во недела на 22 декември, го спомна Мозамбик, притиснат меѓу сиромаштијата и насилството, на кој папата Фрањо внимателно гледа и со загриженост, со молитва, дијалогот и потрагата по општото добро, поткрепени со вера и добра волја, да надвладеат над недовербата и раздорот. Тој потоа ја осуди големата бруталност што ја трпат невините деца во другите конфликтни зони.
Напатената Украина и понатаму е погодена од напади врз градови, понекогаш оштетувајќи училишта, болници и цркви. Нека замолчи оружјето и нека одекнуваат божиќни песни! Молиме за прекин на огнот за Божиќ, на сите воени фронтови, во Светата Земја, во Украина, на целиот Блиски Исток и во целиот свет. И со тага мислам на Газа, на големата бруталност; на митралезираните деца, на бомбардирањето на училишта и болници … Колку бруталност!
Ниту едно дете не е грешка
Поврзан од капелата на Домот на Света Марта, од каде што ја предводеше молитвата Ангел Господов поради студот и симптомите на настинка, Папата потоа им се обрати на сите италијански граѓани кои живеат на териториите кои долго време чекаат рехабилитација за здравствена заштита и ја изрази својата близина со тоа население, особено се осврна на оние кои беа жртви на неодамнешната трагедија во Каленцано, недалеку од Фиренца, каде што на 9 декември во експлозија во складиште за бензин загинаа пет лица.
Потоа ја спомена утринската средба со децата од диспанзерот Света Марта. Тоа беше прилика да потсетиме дека децата никогаш не се грешка. Утрово ја имав радоста да бидам со децата и нивните мајки, кои доаѓаат во диспанзерот Света Марта во Ватикан, која – овде во Ватикан – ја водат Ќерките на милосрдието на свети Винко Паулски – рече папата Фрањо, и посебно ја спомна сестра Антониета Колаки, која ја опиша како „баба. Рече дека срцето му се исполнило со радост поради многуте деца кои ги запознал и нагласи: Повторувам: Ниту едно дете не е грешка!
Никој да не биде сам на Божиќ
На крајот следуваше благослов на статуите на бебето Исус кои децата и младите ги донесоа на плоштадот Свети Петар и кои потоа ќе ги стават во јаслите. Тоа е едноставен, но важен гест – рече Папата и изрази надеж дека никој нема да ги заборави своите баба и дедо и дека во овие денови никој нема да биде сам.
Ватикан њуз/к.мк