Како новоракоположен свештеник во Рим, Роберт Превост бил сведок на победата на Италија на Светското фудбалско првенство во 1982 година, кое се одржа во Шпанија.
Папата Лав XIV за време на средбата во парохијата „Сант Агусти“ во Барселона откри кој фудбалски настан особено го импресионирал како млад свештеник.
Одговарајќи на прашањето на шестгодишно момче за неговите фудбалски симпатии, Папата објасни дека во родните Соединети Американски Држави играл американски фудбал. Дури во средината на 1980-тите, додека служел како одговорен за формација во Перу, почнал да игра и фудбал, но само како одбранбен играч.
„Не бев некој голем стрелец“, рече папата Лав.
Сепак, уште пред тоа, како млад свештеник во Рим, го доживеал Светското фудбалско првенство во 1982 година, кое се одржа во Шпанија. Тоа било неговото прво искуство со едно Светско првенство.
Папата не го спомена изрично финалето, во кое Италија ја победи Германија со 3:1 на 11 јули 1982 година, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
„Никогаш не сакав да бидам Папа“
На прашањето на момчето дали како дете сакал да стане Папа, Лав XIV одговори дека никогаш не помислил на тоа — ниту како дете, ниту подоцна.
„Но кога Господ ќе те повика, треба да кажеш ‘да’“, рече папата Лав XIV, кој беше избран за поглавар на Католичката црква пред 13 месеци.
Катпрес/к.мк

