За Нас

Врати се на почетна

 

13599958_614291315416744_4330905789487051942_n
 

Иницијативата за создавање на интернет страница КАТОЛИЦИ.МК е дело на верници кои го забележаа недостатокот од содржина на македонски јазик, која обработува теми со верска содржина, ги промовира христијанските вредности, го заштитува животот и достоинството на семејството и човекот. Покрај тоа понудените информации ќе се темелат на вистинитоста, а веродостојноста ќе биде основен параметар за објавување и ќе се однесува со почит кон секоја личност. Едноставно кажано, преку оваа страница треба да се актулизира верата во Воскреснатиот Христос преку модерните средства за комуникација.

Сензационалноста, профитерството, лоби групите не се дел од нашиот начин на делување, бидејќи имаме свои ставови и вредности, кои се темелат на Христос, Евангелието, учењето и традицијата на Црквата. Ние функционираме на волонтерска основа и непрофитно.

Се надеваме на подршка од вас, пред сè преку молитва, но исто и со активно учество во креирањето на страната преку: совети, предлози, идеи…

 

Ви гарантираме дека кај нас ќе ја видете другата страна на приказната.