Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата за војната во Украина: Не срамете се да преговарате

Во интервју за швајцарската радио и телевизија на италијански јазик, папата Фрањо размислува за различните аспекти на војната и нејзините разорни ефекти, истакнувајќи дека за војната се потребни две страни и ги охрабрува преговорите за ставање крај на војните во Украина и Газа.

Ватикан Вести

Папата Фрањо изрази близина со народот на Хаити

По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо повика на прекин на насилството на Хаити. Тој поттикна нова поддршка од меѓународната заедница, но не заборавајќи ги и другите воени жаришта: Демократска Република Конго, Светата Земја и измачената Украина. Светиот Отец молеше непријателствата, кои предизвикуваат огромно страдање меѓу цивилното население, да завршат што е можно поскоро. Покрај тоа, ги поздрави муслиманските верници за кои започнува Рамазан

Ватикан Вести

Ангел Господов: Исус не вперува прст во нас

Христос не дојде да суди, туку да го спаси светот. Тој го прифаќа нашиот живот и не сака да нè суди или да нè подложи на осуда. Со овие зборови папата Фрањо за време на неговото пладневно обраќање во четвртата недела од Великиот пост, во недела 10 март 2024 година го објасни Евангелието наменето за неделната Литургија. Затоа, не смееме да ги судиме другите, осудуваме, озборуваме. Го пренесуваме говорот на Папата во целост.

Ватикан Вести

Папата во римската парохија Свети Пиј V: „Да го вратиме Божјото простување во центарот на Црквата“

Во рамки на иницијативата во Великиот пост „24 часа за Господ“, папата Фрањо во петок 8 март 2024 во римската парохија Свети Пиј V ја предводеше покорничката богослужба, на која исповеда една група верници. Во својата проповед рече дека исповедта нè враќа на патот на новиот живот кој започна со крштението и ги охрабри исповедниците секогаш да им даваат прошка на оние што го бараат. „Да ја вратиме Божјото простување во центарот на Црквата“ Исповедта, Светата Тајна на Божјото простување,

Ватикан Вести

Папата: Исповедта не е самоанализа, туку препознавање на Божјата милост

Папата Фрањо на 8 март 2024 година во аудиенција ги прими учесниците на годишниот курс за покајание и прошка за свештеници и теолози кои наскоро ќе примат ракополагање, а го организира Апостолската пенитенцијарија во Рим.

Ватикан Вести

Папата: Во свет погоден од насилство придонесот на жените е многу потребен

Примајќи ги учесниците на конференцијата „Жените во Црквата: Творци на човечноста“, папата Фрањо го истакна важниот придонес што верничките мирјани го даваат во Црквата и општеството: нивната улога треба да се вреднува; освен тоа има потреба од образование, бидејќи таму каде што недостига се појавуваат големи нееднаквости и дискриминација

Ватикан Вести

Ангел Господов: Горделивоста е порок кој го труе чувството на братство

Папата Фрањо ги охрабри верниците присутни на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар да го искористат постот за борба против тоа злона горделивост зад кое се крие „длабокиот грев, апсурдната желба да се биде како Бог“. Вистинскиот лек е понизноста.

Ватикан Вести

Папата Фрањо на Велики Четврток ќе служи во женскиот затвор Ребибија

Префектурата на Папскиот дом објави дека на 28 март 2024 година во 16.00 часот, Папата приватно ќе оди во женскиот затвор во Рим за да служи Миса Господова вечера и да се сретне со затвореничките и вработените во таа институција. Папата го посети „Новиот комплекс“ на затворот Ребибија уште во 2015 година за да им ги измие нозете на дванаесет затвореници од различни националности.

Ватикан Вести

Папата: Прегрнувањето на крстот не е знак на неуспех, туку допирање на раната на ближниот

Во пораката упатена до организациите за помош на Црквата во Јужна Америка, кои учествуваат на средбата во Богота, Колумбија, папата Фрањо истакнува дека ако ја изгубиме свеста за дарот, стануваме робови на парите и победени од стравот на немањето, ги препуштаме нашите срца на богатството од лажната економска сигурност, административна ефикасност, контрола, живот без стимулации.

Ватикан Вести

Бенедиктинецот Анселм Грун на аудиенција кај папата Фрањо

Во понеделникот на 4 март 2024 година, папата Фрањо во приватна аудиенција го прими отец Анселм Грун (79), бенедиктински монах и автор на бројни книгу. „Ти си монах кој не се плаши“, му рекол Папата, објави бенедиктинецот Грун во вторникот на 5 март.