Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Изненадување и нова одговорност се првите зборови на новите кардинали

Изненадување и чувство за нова одговорност. Ова се првите зборови на новоименуваните кардинали откако се најдоа на пописот на оние кои папата Фрањо ќе ги вброи во Кардиналскиот колегиум на следниот конзисториум, кој ќе се одржи на 28 ноември.

Ватикан Вести

Ангел Господов: Го љубиме Бога, ако го љубиме ближниот

Пред молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар на 25 октомври 2020 година папата Фрањо го коментираше неделното Евангелие од Матеј во кое законикот го прашува Исус која заповед е најголема од сите во законот. Една од главните новости на Исусовата наука е дека преку вистинскиот однос со Бог настанува и вистинската љубов кон ближниот. Говорот на Папата го пренесуваме во целост.

Ватикан Вести

Папата: Целосната екологија бара длабоко внатрешно преобраќање

Во пораката до учесниците на конференцијата EcoOne еколошка иницијатива на Движењето на фоколарите, папата Фрањо истакна дека премногу е потребен нов и повклучлив општествено-економски поредок и дека треба да се прекине логиката на искористувањето и егоизмот.

Ватикан Вести

Папата: Без мајки светот нема иднина

Примајќи ги во аудиенција професорите и студентите од Папскиот теолошки факултет „Marianum“ папата Фрањо истакна дека времето во кое живееме, е Маријанско време; Таа е мајка која го обновува животот и жена која води грижа за Божјиот народ. Колку жени го немаат достоинството кое им припаѓа – истакна Папата.

Вера Проповеди

„Fratelli tutti“ – социјална енциклика на папата Фрањо

Братство и општествено пријателство се патиштата на кои Папата упатува за да се изгради подобар свет, поправеден и помирољубив и тоа со ангажирање на сите: на народот и на институциите. Повторно силно истакнува „не“ на војната и глобализација на рамнодушноста.

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Да не живееме и да не молиме како да не постои Бог и сиромашните

Во катехезата на Генералната аудиенција во среда 21 октомври 2020 година папата Фрањо го заврши размислувањето за псалмите, вклопено во серијата катехези за молитвата и истакна дека Книгата Псалми нѐ учи да го повикаме Бог за себе, но и за браќата и светот. Исто така објасни дека мерките на претпазливост од надлежните се за да се спречи ширењето на заразата, па затоа не може да слезе и да се поздрави со верниците. Катехезата на Папата ја пренесуваме во целост.

Ватикан Вести

Папата на крајот од Генералната аудиенција: Молитвата е главно послание на христијаните

На крајот од Генералната аудиенција во среда 21 октомври 2020 година, Папата се осврна на октомври – мисионерскиот месец – и важноста на молитвата за спас на човештвото, посебно сиромашните. Исто така се спомна и на свети Иван Павле II.

Ватикан Вести

Апел од Меѓурелигиската молитвена мировна средба во Рим

Од молитвената средба во организација на Заедницата свети Егидиј во базиликата Света Марија во римската населба Арачели под мотото „Никој не се спасува сам“ религиските поглавари упатија во вторник 20 октомври 2020 година апел за мир во светот.

Ватикан Вести

Папата се сретна со претседателот на Меѓународниот Црвен Крст

Во понеделник 19 октомври 2020 година папата Фрањо го прими во аудиенција во Ватикан претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот Крст Петер Маурер, кој потоа оствари средба и со државниот секретар кардинал Пиетро Паролин.

Ватикан Вести

Папата го прими Апостолскиот нунциј во Германија, надбискупот Никола Етеровиќ

Папата Фрањо во понеделник 19 октомври 2020 година го прими Апостолскиот нунциј во Германија, надбискупот Никола Етеровиќ, пренесува Катпрес.