Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата Фрањо се помоли за починатиот бездомник од Нигерија

По молитвата Ангел Господов во недела на 24 јануари 2021 година папата Фрањо се помоли за еден бездомник од Нигерија, кој беше пронајден мртов во близина на плоштадот Свети Петар.

Ватикан Вести

Сочувство на папата Фрањо за жртвите од експлозијата во Мадрид

Во телеграмата до мадридскиот надбискуп, кардиналот Осор Сиера, потпишана од државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин, Папата ја изрази својата близина и наклонетост кон децата на саканиот шпански народ и ги вети своите молитви за жртвите и ранетите, доверувајќи ги на Господовото милосрдие.

Ватикан Вести

Сочувство од Папата по повод терористичките напади во Багдад

Папата Фрањо е длабоко потресен од веста за дваата самоубиствени напади во Багдад на 21 јануари 2021 година, во кои загинаа повеќе од 30 лица, а 110 се повредени.

Ватикан Вести

Откажани заедничките духовни вежби за Римската курија

Канцеларијата за печат при Светиот Престол на 20 јануари 2021 година соопшти со оглед на моменталната здравствената опасност дека членовите на римската курија нема да можат да учествуваат заедно на духовни вежби, кои беа предвидени да се одржат во Casa Divin Maestro во Аричи.

Ватикан Вести

Папата Фрањо му честиташе на новиот американски претседател Џо Бајден

Честитки до Џо Бајден пристигнуваат од целиот свет откако положи заклетва како 46. претседател на Соединетите Американски Држави, а меѓу првите честитки беа од премиерите на Велика Британија, Израел и Канада и папата Фрањо, кој испрати порака во која охрабрува за унапредување на помирувањето и мирот во САД и во светот.

Ватикан Вести

Апел на папата Фрањо: Светот нека биде ослободен од нуклеарното оружје

На човештвото му треба мир и соработка и е неопходен ангажманот од сите. Ова беше апелот, кој папата Фрањо го упати, за време на Генералната аудиенција во среда 20 јануари 2021 година, до државите и граѓаните неколку дена пред стапувањето во сила на Договорот за забрана на нуклеарно оружје.

Ватикан Вести

Папата Фрањо го именува монсињор Каваленов за епископ на Никополската епархија

Светиот отец папата Фрањо na 20 јануари 2021 година го именува монсињор Страхил Веселинов Каваленов, досегашен апостолски администратор на испразнетото седиште на истата епархија, за епископ на Никополската епархија.

Ватикан Вести

Именуван нов секретар на Конгрегацијата за прогласување светци

Во понеделник 18 јанауари 2021 година папата Фрањо го именува монсињор Фабио Фабене за секретар на Конгрегацијата за прогласување на светци – соопшти прес-службата на Светиот Престол.

Ватикан Вести

Видео порака на папата до свештениците во Венецуела

Во вторник на 19 јануари, папата Фрањо испрати видео порака до бискупиското и монашкото свештенство во Венецуела, во кое ги повикува свештениците на љубов кон несаканите како и тие во оваа време на криза би ја почувствувале „вашата близина, поддршка и љубов“.

Ватикан Вести

Папата повика на молитва за единство на христијаните

Во своето обраќање по молитвата Ангел Господов во недела, 17 јануари 2021 година, папата Фрањо се осврна на Светската молитвена осмина за единство на христијаните, која започнува на 18 јануари, истакнувајќи дека христијаните ќе се молат заедно за да се исполни желбата на Исус: „Да бидат сите едно“.