OН предупредуваат за зголемувањето на етничките и верските тензии во Шри Ланка

OН предупредуваат за зголемувањето на етничките и верските тензии во Шри Ланка

„Додека властите состојбата по бомашките напади ја ставија донекаде под конторла, многу верски заедници сѐ уште се загрижени за нивната безбедност“, истакна на 26 август специјалниот известувач на ОН за религиска и верска слобода Ахмед Шахид на крајот од својата дванаесетдневна мисија во Шри Ланка.

Властите треба да бидат поефикасни во справувањето со „нерегулираните медиуми“ кои промовираат омраза кон муслиманските заедници и предизвикуваат политички мотивирани етничко-религиозни тензии“, рече Шахид во презентирањето на својот извештај за состојбата во Шри Ланка. Тој предупреди дека „етничко-религиозните тензии повеќе не треба да се класифицираат како „несакани настани“, бидејќи длабоко вкоренетата нетрпеливост постоела долго пред Велигденските атентати и насилство кое следуваше”.

Епископската конференција во Шри Ланка неодамна ги повика властите на таа јужноазиска земја да спроведат независна и непристрасна истрага за терористичките напади што се случија на Велигден 21 април, кога повеќе од 250 луѓе беа убиени во експлозии во неколку цркви и хотели, додека околу 500 беа повредени.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот