„Más por Menos“ – Солидарност на Црквата во Аргентина

„Más por Menos“ – Солидарност на Црквата во Аргентина

За овогодинешната акција за собирање прилог „Más por Menos“ („Повеќе за помалку“) за Ватикан њуз зборуваше монс. Дамијан Битар епископ на Обера во Аргентина.

„Тешката криза низ која поминуваме бара конкретни дела на солидарност, а тоа не е само поддршката за храна, туку и промовирање на интегралниот човеков развој“ – рече за Ватикан њуз монс. Дамијан Битар епископ на Обера од Аргентина, по повод акцијата „Más por Menos“ („Повеќе за помалку“) Таа акција се спроведува во Аргентина секоја година, во втората недела од септември месец, а станува збор за собирање прилог на светите Литургии за најсиромашните во земјата. Акцијата ја спроведува Аргентинската епископска конференција, а во организација на Епископската комисија за помош на најсиромашните подрачја. Собирањето прилог се спроведува на сите свети Литургии, а често продолжува и после неделата.

„Да придонесеме сите за заедничката трпеза“

Освен тоа епископот рече дека таа акција не е само поддршка за оние во потреба и помош на Црквата за евангелизацијата, туку и силен фактор на надеж за многумина на патот кон подостоинствени живот. Мотото на овогодинешната акција е: „Да придонесеме сите за заедничката трпеза.“ Акцијата „Más por Menos“ („Повеќе за помалку“) помага да се олеснат потешкотиите на најсиромашните аргентински жители, и е мост помеѓу оние кои имаат повеќе и оние кои имаат малку или ништо – пишува на интернет страницата на Аргентинската епископска конференција. Аргентинските епископи оваа акција ја опишуваат како „простор создаден за да се надомести недостатокот на општествена еднаквост.“ Спомнатата акција е една од најголемите од тој тип во Католичката Црква во Аргентина.

Нова криза во Аргентина

Во Аргентина е во тек нова економска криза – рече епископот Битар и додава дека Црквата уште еднаш се обидува да биде блиску до оние кои страдаат: до сиромашните, бездомниците, до сите оние кои останале без работа и до старите луѓе. „Заради тоа важно е да се промовира акцијата „Más por menos“ истакнувајќи дека во 2017 година е забележано зголемување на износот на донациите. „На тој начин сме во можност да им помогнеме на оние кои најмногу страдаат заради последниците од бедата и сиромаштвото,“ рече епископот Битар. Потсетуваме дека аргентинскиот пезос од почетокот на годината загуби повеќе од 42% од својата вредност. Инвеститорите се загрижени за состојбата во земјата; се борат со силната инфлација, со слабеење на економијата и со нестабилноста на пазарот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот