Кардинал Паролин: Немаме друг избор освен заедничка соработка

Кардинал Паролин: Немаме друг избор освен заедничка соработка

Државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин, испрати видео порака по повод Самитот за прилагодување на климата (CAS), во која ги поттикна учесниците да користат технологија која има за цел да постигне подобар и поцелосен напредок.

Цитирајќи ја енцикликата на папата Фрањо „Лаудато си“, кардиналот Паролин, меѓу другото, објасни дека научните податоци што ги имаме „јасно ја покажуваат потребата за брзо дејствување“, земајќи го предвид контекстот на „етика, правда и социјална правда“.

„Стоиме пред важен предизвик во корист за општото добро. Немаме друга можност освен да вложиме максимални напори и да извршиме одговорен, колективен одговор без преседан наменет за заедничка соработка за изградба на нашиот заеднички дом“ – рече меѓу другото кардинал Паролин.

На Самитот за прилагодување на климата (CAS), на кој е домаќин на Холандија, учесниците дискутираат за низа практични решенија и планови за заштита на народите и економијата од суша, топлотен удар, покачување на нивото на морето и поплави до 2030 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот