Fratelli tutti: Конференција „Братство, мултилатерализам и мир“

Fratelli tutti: Конференција „Братство, мултилатерализам и мир“

На интернет конференцијата во четврток 15 април Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин порача дека меѓународната заедница има должност вакцините и лекувањето од Ковид-19 да го направи достапно на пошироките слоеви.

На конференцијата „Братство, мултилатерализам и мир“ во организација на постојаното претставништво на Светиот Престол во Женева меѓу останатите учествуваа претставници на Светската здравствена организација, од Канцеларијта на Високиот комесаријат за бегалци на ООН, Меѓународната организација на труд и други угледни институции. Кардинал Паролин ги истакна приоритетите на Светиот Престол на подрачјето на здравството, бегалците, трудот, меѓународното хуманитарно право и разоружувањето. Конференцијата се базира од енцикликата на папата Фрањо Fratelli tutti за братството.

Во мултилатералното делување братството се искажува во храброста и великодушноста на дефинирањето на заедничките цели и гарантирањето за остварување на темелните начела во целиот свет, истакна кардиналот Паролин, додавајќи притоа дека споровите мора да се решаваат со дипломатија и преговори со ангажирање за општото добро и за оние послабите.

Осврнувајќи се на трката за вакцини и третманите го истакна длабокиот јаз во снабдувањето на богатите земји и остатокот на светот и го повтори упатениот апел на папата Фрањо за глобална кампања за вакцинација и праведна снабдување на подрачјето на здравството, особено за сиромашните и ранливите. (…)

Повторувајќи го апелот на Папата за глобализација на солидарноста ја истакна неопходноста за глобален пакт за бегалците, меѓународна соработка и поправедна и разновидна распределба на одговорностите. Со тоа пак е својствено правото на сите луѓе на достоинствен живот во мир и безбедност во своите земји.

На подрачјето на трудот пандемијата најтешко го погоди неформалниот сектор, малите претприемачи и трговците. Папата во енцикликата предупредува дека треба да се вклучат – социјално, политички и економски, што е важно и за мировните процеси, истакна кардиналот Паролин.

Со оглед на актуелните вооружени конфликти и „физичкото, моралното и духовното страдање“ кои се случуваат, кардиналот ја истакна важноста за почитување на меѓународното хуманитарно право, кое треба и понатаму да се развива. На тоа припаѓаат и погрешните приоритети на државите кои трошат огромни финансиски средства на вооружување. Кардиналот го критикуваше поврзувањето на националната безбедност со акумулирање на оружје како „контрапродуктивна логика“ и односот на материјалните ресурси и човечките таленти во служба на смртта и оние во служба на животот го оцени за скандалозно.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот