Фоколарите во Македонија се потсетија на духовното наследство на Кјара Лубик

Фоколарите во Македонија се потсетија на духовното наследство на Кјара Лубик

Во сабота 13 март 2021 година, во пресрет на 13. годишнината од смртта на Кјара Лубик, членови на Движењето на Фоколарите преку зум апликацијата се потсетија на нејзиното духовно наследство и разменија искуства и впечатоци од Генералното собрание кое се одржа неодмна.

По повод на годишнината од смртта на Кјара Лубик, на 16 март 2021 година во капелата во Спомен куќата на Мајка Тереза, скопскиот парох дон Паво Шекерија служеше света Литургија.

Во својата пригодна проповед тој потсети дека света Мајка Тереза и Кјара Лубик го ставиле Христос во центарот на нивните животи. Да се потсетиме дека Мајка Тереза и Ќјара Лубик повеќе пати се сретнале за време на овоземскиот живот. Ќјара Лубик, по смртта на Мајка Тереза, испрати писмо до сите заедници на Движењето на Фоколарите во светот повикувајќи ги сите членови на радикална љубов која ја сведочела Мајка Тереза нарекувајќи ја пример и возвишена учителка на вештината на љубовта. На крајот од нејзиниот повик сведочи за нивната последна средба кој се случил неколку месеци пред смртта на Мајка Тереза. „Од Мајка Тереза во сеќавање ми остана топлата прегратка полна со љубов во Њујорк, каде во мај ја сретнав за последен пат. Беше болна. Ја посетив со намера само малку да се задржам. Тогаш почна да зборува, зборуваше за нејзиното дело. Тоа беше нејзиното „Мојата душа го велича Господа“, нешто извонредно! Беше пресреќна. Таа прегратка ми остана во срцето, како знак и како ветување: дека и понатаму ќе нѐ љуби со посебна љубо,в бидејќи така нѐ љубеше и за време на земскиот живот. Затоа, од денот кога таа си замина, ја вброив помеѓу нашите заштитници, сигурна како и сите други, дека набргу ќе биде прогласена за светица“.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот