Папата Фрањо ја посети источната католичка заедница во Унгарија

Папата Фрањо ја посети источната католичка заедница во Унгарија

Папата Фрањо ја посети Источната католичка заедница во Будимпешта во сабота на 29 април 2023 година, вториот ден од неговото Апостолско патување во Унгарија.

Светиот Отец по средбата со сиромашните и бегалците во црквата Света Елизабета Унгарска, отиде в црквата Мајка Божја Заштитничка, кога се наоѓа на плоштадот Ружи, а служи за верниците католици од византиски обред..

Папата Фрањо на влезот го пречека унгарскиот гисточно – католички архиепископ Петер Филоп Кочис и заедно отидоа до иконостасот, додека хорот пееше во позадина.

Следуваше момент на молитва со заедницата, предводена од папата Фрањо, на која на крајот со распетие во раката ја благослови источната католичка заедница во Унгарија, правејќи знак на крстот.

Еднокорабната црква, изградена во 1881 година во неоромански стил, првично била парохиска црква од западен обред. Како што се зголемува бројот на верници, земјиштето на средината на плоштадот било избрано за изградба на поголема црква. Така настанала неоготската парохиска црква Света Елизабета Унгарска. Во 1904 година, тогаш празната црковна зграда ја добила источната католичка парохија, која сè уште немала своја црква, а дотогаш служеле во универзитетската црква.

Папата Фрањо ја реорганизираше Источната католичка црква во Унгарија на 20 март 2015 година и ја издигна во Митрополитска црква „sui iuris“.

Источните католички бискупи во Унгарија се членови со право на глас на Унгарската бискупска конференција. Статусот на митрополија „sui iuris“ од правен аспект ја прави Источната католичка црква целосно независна од локалната латинска црква, без да се доведе на кој било начин во прашање нејзината целосна црковно заедништво со Папата. Во литургијата, Источната католичка црква во Унгарија го користи националниот јазик.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот