Бискупот Стојанов ја предводеше духовната обнова за сестрите Евахристински во Гевгелија

Бискупот Стојанов ја предводеше духовната обнова за сестрите Евахристински во Гевгелија

На 15 март 2022 година Сестрите Евхаристинки од Провинцијата на Божјото провидение во манастирот Пресвето Срце Исусово во Гевгелија ја имаа својата редовна месечна духовна обнова.

Духовната обнова беше предводена од Н.В.П. монс. Киро Стојанов со пригоден духовен наговор на тема: „Мир и помирување со Бога“ а во склоп на Великденскиот пост. За време на светата. Литургија заедно со бискупот сослужуваа и о. Димитар Ташев, парох во Гевгелија како и о. Тома Ангелов, парох во Богданци и Стојаково.

При оваа пригода беше отслужена и Панихида по повод 27 годишнината од првата Провинцијалка на Провинцијата на Сестрите Евхаристинки во Македонија, сестра Маргарита Јорданова како и за останатите починати Сестри од Конгрегацијата на Сестрите Евхаристинки.

При оваа пригода добро е да се спомене дека Манастирот на Сестрите Евхаристинки во Гевгелија е основан во 1901 година од нивните основатели, о. Јосиф и с. Еврозија Алоати и единствен како таков во кој вистински се чувствува духот на основателите.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот