Ангел Господов: Исус нѐ учи на логиката на близина

Ангел Господов: Исус нѐ учи на логиката на близина

Папата Фрањо во недела 22 ноември 2020 година пред молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар, се присети на евангелскиот дел за Страшниот суд во кој се вели дека ќе бидеме судени „врз основа на љубовта, а не врз основа на чувствата“. Папата исто така истакна дека ќе бидеме судени „врз основа на делата и сочувството со кои покажуваме блискост и грижлива помош“. Говорот го пренесуваме во целост

Драги браќа и сестри,

Денес го славиме празникот Господ Исус Христос Цар на сето создание, со кој ја завршуваме литургиската година, големата парабола со која се разоткрива Христовото таинство: целата литургиска годна. Тој е Алфа и Омега, почеток и свршеток на историјата, а во центар на денешната Литургија е таа „омега“, односно последната цел. Смислата на историјата може да се сфати имајќи го пред очи нејзиниот врв: свршетокот воедно е и цел. И токму тоа е она што го прави Матеј во Евангелието оваа недела (25, 31-46) сместувајќи го говорот на Исус за Последниот суд во последната етапа од Исусовиот овоземски живот. Тој, кого луѓето наскоро ќе го осудат, всушност е врховниот судија. Преку својата смсрт и воскресение Исус ќе се покаже како Господар на историјата, Цар на вселената,. Судија на сите. Но христијанскиот парадокс е во тоа што власта на тој Судија не застрашува, туку тој е пастир полн со благост и милосрдие.

Имено, Исус во големата парабола за последниот суд се користи со слика на пастирот. Ја користи сликата на пророкот Језекиил, кој зборуваше за Божјата интервенција во корист на народот против злите пастири на Израел (сп. 34: 1-10). Тие биле сурови и експлоататори, повеќе сакаа да се пасат самите себе, отколку своето стадо. Затоа, самиот Бог ветува дека ќе се грижи лично за своето стадо, бранејќи го од неправда и злоупотреба. Ова Божјо ветување до неговиот народ целосно се исполнува во Исус Христос, Пастирот: всушност Тој е Добриот Пастир. И Тој сам за Себе вели: „Јас сум добриот пастир“ (Иван 10, 11, 14).

Во текстот од денешното евангелие, Исус се поистоветува не само со цар -пастир крал, туку и со изгубените овци. Би можеле да зборуваме за некој „двоен идентитет“: цар – пастир, Исус исто така се поистоветува со овците, односно со најмалите и браќата во најголема потреба. И така, тој го покажува критериумот на судот: ќе се заснова на конкретната љубов што им е дадена односно скратена на тие луѓе, затоа што Тој самиот, судијата, е присутен во секој од нив. Тој е судија, Тој е Богочовек, но исто така е сиромашен, тој е скриен, тој е присутен во  сиромашните луѓе што ги спомнува токму тука. Исус вели: „Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле.‘(40-45). Ќе бидеме судени според љубовта. Не според чувствата, не според тоа: ќе бидеме судени според делата, од сочувство што нè приближува и грижливо ни помага.

Дали му приоѓам на Исус присутен во болните луѓе, сиромашните, страдалниците, затворениците, оние кои се гладни и жедни за правда? Дали му приоѓам на Исус присутен таму? Тоа е прашањето кое денес се става пред нас.

Значи, Господ на свршетокот на светот ќе го оддели своето стадо и ќе го стори тоа не само во улога на пастир, туку и во улога на овците со кои се поистоветувал. И ќе не праша: „Дали бевте барем малку овчар како мене?“ „Дали бевте мојот пастир, на мене кој бев присутен во оние луѓе кои имаа потреба или беше рамнодушен?“

Браќа и сестри, да се чуваме од логиката на рамнодушност, она што прво ќе ни паден на ум кога ќе видиме проблем е да ја свртиме главата. Да се потсетиме на параболата за добриот Самарјанин. Тој сиромашен човек кој беше ранет од разбојниците, оставен легнат на земја полумртов, беше сам таму. Помина еден свештеник, погледна и продолжи понатаму, го сврте погледот кон другата страна. Помина левитот, го виде и ја сврте главата на другата страна. Дали сум јас, пред моите браќа и сестри во неволја, рамнодушен како тој свештеник и како тој левит и го свртувам погледот на другата страна? Ќе ми биде судено според ова: според начинот на кој пристапив, по начинот на кој го гледав Исус присутен во оние во потреба. Тоа е логиката и јас не го велам тоа, тој го вели Исус, тој рече: „Она што сте го направиле на оној или оној, мене сте ми го направиле. И она што не сте му го стори на овој или оној, мене не сте ми го направиле, затоа што јас бев таму“. Исус нека нè научи на таа логика, на таа логика на блискост, да се приближуваме на него, со љубов, кај оние кои страдаат најмногу.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот