Папата повика на молитва за пожарите во Амазон

Папата повика на молитва за пожарите во Амазон

Папата Фрањо изрази загриженост за пожарите во амазонските прашуми. Во недела, 25 август 2019 година по завршувањето на молитвата Ангел Господов, истакна дека пожарите би можеле да бидат изгаснати многу брзо доколку се ангажираат сите.

Бразил оваа година регистрира десетици илјади шумски пожари во прашумите на Амазон, повеќе од кога било досега. Во моментов има околу 1.000 нови пожари секој ден. Овој уникатен екосистем кој се смета за „бели дробови“ на планетата Земја е во пламен. Иако пожарите беснеат веќе неколку недели, претседателот на Бразил Болсонаро дури овој петок објави дека ќе ја испрати војската во гаснење на пожарите.

Во Ватикан, од 6 до 27 октомври ќе се одржи посебна Епископска синода за Амазонија, која ќе биде посветена на пасторалната грижа во тие краишта, заштитата на животната средина, како и потребите на домородното население и нивните човекови права.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот