Поучна приказна: Рацете на мојата мајка

Да не беше мојата мајка, денес јас немаше да сум тоа што сум.

Дипломираше со високи оценки, беше задоволен од постигнатиот успех и беше сигурен дека го чека убава кариера.

Една од најголемите фирми во неговата земја распишала конкурс за пополнување одредени работни места.Веднаш ги поднел потребните документи и го поминал првото интервју. Завршното интервју од кое зависи дали ќе биде примен, бил разговорот со генералниот директор на фирмата.Додека седел пред директорот и ги прегледувал неговите документи, го подигнал погледот кон него и почнал со прашањата.

Директорот: „Дали во текот на студирањето имаше некаква стипендиja?“

Момчето: „Не, никаква.“

Директорот: „Дали татко ти го плаќаше твоето студирање?“

Момчето: „Не, татко ми почина кога сум имал една година, мајка ми ме образуваше цело време.”

Директорот: „А каде е вработена мајка ти, каде работи?“

Момчето: „Таа всушност не е вработена во фирма, таа дома ги пере и пегла алиштата на други луѓе.”

Тогаш директорот побарал да му ги покаже своите раце. Кога ги покажал тие биле две бели нежни раце. Директорот тогаш го прашал: „Дали некогаш си и помагал на својата мајка во перењето алишта?“

Момчето: „Не, таа не ми дозволуваше, постојано зборуваше да учам и да напредувам.”

Директорот: „Добро, види, имам за тебе едно мало барање, ќе те замолам да одиш дома и да ги измиеш рацете на мајка ти.“

Момчето било збунето на почетокот, но кога е во прашање работата, тогаш нема збунетост и шега. Отишол дома и ѝ го објаснил барањето на директорот, и ја замолил да и ги измие рацете. Кога мајка му слушнала за работата била радосна, но истовремено се чувствувала чудо заради тоа барање, сепак се согласила на тоа нејзиниот син да и ги измие рацете.

Наполнил сад со вода почнал да и ги мие рацете. Додека ги миел рацете почнал да плаче. Дури сега прв пат во животот видел во каква состојба се рацете на неговата мајка. Биле испукани, кожата била груба и рапава, на нив имало стари плускавци, рацете биле набрчкани и отечени… плачел како дете.

Дури сега, прв пат до сега, момчето сфатило дека тие две раце него го хранеле и образувале, дека сè што има во животот, има само од тие две раце. Кога завршил со миењето, ја бакнал во чело, а потоа сите алишта рачно ги исперал и испеглал. Таа ноќ седеле долго и разговарале.

Другиот ден, кога со солзи во очите влегол кај директорот и кога му рекол што се случило, и дека тој сам ги испрал останатите алишта, директорот го прашал, што научил од сето тоа, тој одговорил: „Го научив следното:

  – Сфатив што всушност значи зборот „благодарност“;

 – Да не беше мојата мајка, денес јас немаше да сум тоа што сум.;

– Сфатив колку е тешко да се работат некои работи.;

– Ја сфатив важноста на семејството

Директорот се насмевнал и рекол: „Таков работник барав, кој ќе знае да ги цени својата работа и својот труд и ќе им помага на другите.“

Меѓугорје-инфо/к.мк./Стефанија Ристова

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

Категорија: Размислување, Свет

За авторот