100 години од раѓањето на свети Иван Павле II

100 години од раѓањето на свети Иван Павле II

На денешен ден пред 100 години е роден Карол Војтила или повеќе познат како Иван Павле II. Тој е 264 папата на Црквата и неговиот понтификат траел 27 години и е втор по должина. Пред него е само папата Пио IX, кој бил Папа 32 години. Иван Павле II е првиот Папата од Полска и по 455 години прв Папа кој не е Италијанец. Во продолжение донесуваме некои занимливости поврзани за неговиот живот.

Како што спомнавме тој е 264 избран Папа на Црквата, бил Папа 27 години или поточно 9665 дена.

Во тој период срушил бројни предрасуди и соборил многу рекорди. Тој е првиот Папа кој не е Италијанец од 1552 година, прв Папа со словенско потекло. Прв Папа кој на конференциите за печат одговара директно на новинарски прашања.

Кога станува збор за Меѓународни патувања, има посетени 132 земји, 900 града. Има поминато 1.650.900 километри.

За време на тие патувања има одржано 2400 официјални говори. Тој е прв Папа кој посети џамија, синагога и лутеранска црква. За блажени има прогласено 1318 лица и 478 светци. На официјалните аудиенции има примено 1350 политичари.

Ниту еден претходен Папа, не читал со наочари и е прв Папа кој носи часовник на рака, нормално откако се пронајдени. Бил страстен спортист, па така и како Папа одел на скијање, кајак, пливање и планинарење. Тој е прв Папа кој учествувал на рок концерт.

Зборувал 7 странски јазици (Англиски, француски, германски, италијански, шпански, руски и латински), а познавал уште четири (литвански, украински, унгарски и чешки). Тој е првиот Папа кој има напишано официјално писмо до децата. Последниот негов збор бил „Амин“.

Среќен ти роденден голем човеку, ти благодариме за сè.

Категорија: Сведоштва

За авторот